Трендови на македонскиот пазар
Објавено на од во луѓе и компании

866-Menager-01Сè повеќе се бараат менаџери во инженерските области

Потреба за инженери – менаџери не пројавуваат само странските инвеститори во индустриските зони, туку и домашни компании, извозно насочени производители кои што мораат да ја сочуваат и зголемат својата конкурентност преку воведување понапредни технологии и процеси на менаџмент.

 

Зголемена побарувачка за менаџери во техничките области се забележува на македонскиот пазар за работна сила периодов, велат од агенциите за регрутирање на менаџерски кадри. Тоа не се случува само во ИТ секторот каде што последниве неколку години особено е зголемена побарувачката за инженери програмери и следствено менаџери со инженерски бекграунд способни за лидерство на поголеми проекти.

“Радува што инженерски кадри со менаџерски способности се бараат и во производната индустрија, во различни гранки – храна, машини, автомобилски делови, обновливи извори за енергија, итн.“, вели Горан Цивкароски од компанијата за регрутирање менаџери Pedersen & Partners.

Тој додава дека потреба за инженери – менаџери не пројавуваат само странските инвеститори во индустриските зони, туку и домашни компании, извозно насочени производители кои што мораат да ја сочуваат и зголемат својата конкурентност преку воведување понапредни технологии и процеси на менаџмент.

“Во Македонија е карактеристично што во последно време се бараат стручни кадри за секторите Развој и истражување (R&D – Research and development) на повеќе производни компании, особено од редот на странските директни инвестиции. Токму во моментов работиме со една таква странска компанија, која што одлучи значаен дел од својот развојно – истражувачки центар да префрли во земјава. “, вели Цивкароски.


Cifkaroski

Горан Цивкароски – Pedersen & Partners, хедхантинг компанија

“Карактеристично е што во последно време се бараат стручни кадри за секторите Развој и истражување (R&D – Research and development) на повеќе производни компании, особено од редот на странските директни инвестиции. Токму во моментов работиме со една таква странска компанија, која што одлучи значаен дел од својот развојно – истражувачки центар да префрли во земјава.“


Странците почнуваат да формираат R&D сектори и во Македонија

“Хедхантерите“, како што уште се нарекуваат фирмите специјализирани за пронаоѓање соодветен менаџерски кадар за своите корпоративни клиенти, велат дека во делот на R&D секторите дел од кадарот е покриен со домашни експерти и менаџери, додека еден дел сè уште се покрива со кадар од странство.

Кај странските инвеститори во слободните индустриски зони се забележува и сè поголемо ангажирање на домашни инженери и останати стручни профили во спроведување на некој проект на компанијата на меѓународно ниво, велат нашите соговорници.

“Во Македонија има добро обучени стручни кадри за техничките области, кои што може да пружат сосема солидна експертиза во спроведување на комплексни проекти вредни и стотици милиони евра, а нивната цена е многу пониска од онаа на нивните западни колеги. И тоа не само кај странците, туку има и домашни компании од областа на проектното инженерство и изведба, кои што учествуваат со своја експертиза и инженери на големи енергетски и други инфраструктурни проекти, најмногу на Блискиот исток “, вели Цивкароски.

Она што ги радува познавачите на пазарот на работна сила во земјава е сè поголемиот број развојни програми за менаџери што се подготвуваат и реализираат кај компаниите, особено имплементацијата на т.н. talent management програми.

“Преку нив се идентификуваат талентите и понатаму се работи на нивниот развој и кариера внатре во компаниите. Ова придонесува за зголемување на мрежата на квалитетен менаџерски кадар што е расположлив на пазарот“, велат во една друга хедхантинг агенција.

Што се однесува до генералната слика за македонскиот менаџерски пазар, нашите соговорници велат дека не се забележува некоја поголема промена, односно побарувачката за менаџерски кадри е горе-долу на исто ниво како и во изминатиот период, кога почнаа да се реализираат странските инвестиции.

Дел од побарувачката се должи на миграција на кадарот од една во друга компанија, што е вообичаена пракса, не само кај нас, туку и во светот. Дел пак, се должи на влез на нови компании на пазарот што имаат потреба од менаџерски пазар.


Македонски менаџери со меѓународна кариера

Последниве неколку години се забележува и тренд македонски менаџери кои што работат за мултинационални компании присутни во земјава, да бидат распределени на високи раководни функции во други земји каде што матичната компанија има бизнис операции.

Можеби најпознат пример е досегашната извршна директорка на Хајнекен Хрватска, односно пиварницата во Карловац, Бранка Славеска, која својата кариера ја почна во Пивара Скопје, а потоа заради одличните резултати и беа доделени високи менаџерски позиции на пазарите од Источна Европа, па во Хрватска. Хрватските портали велат дека таа најверојатно кариерата ќе ја продолжи надвор од групацијата Хајнекен.

“Во пиварската индустрија имаше и претходно слични случаи во Македонија, кога менаџери се праќаа на раководни позиции во регионот. Во принцип, големите светски корпорации, особено пиварската индустрија, се карактеристични по овие ротации на менаџерскиот кадар, затоа што ним им е многу важно да градат диверзификација во национална, културолошка и секаква друга смисла, со што се зголемува квалитетот на корпоративното управување“, вели Горан Цивкароски од Pedersen & Partners. Тој додава дека сите македонски менаџерски кадри што добиваат прилика за меѓународна кариера се исклучително квалитетни и не случајно корпорациите за кои што работат им доверуваат на управување многу поголеми пазари од македонскиот. Вакви случаи се среќаваат и во телеком индустријата, фармацијата, големите производители на стоки за широка потрошувачка, итн.


Уште една менаџерска позиција сè повеќе барана
Кои вештини се потребни да се биде добар проект менаџер

Способност да се менаџираат ограничени ресурси

Колку и да е мал или голема компанијата, проект менаџерите секогаш ќе имаат конфликтни ситуации кога се работи за расположливоста на ресурсите – ограничувања со трошоците, технологијата, времето, персоналот… Менаџерите што можат најдобро да ги распределат ограничените ресурси со што ќе донесат најголема корист за компанијата, се секогаш на цена.

Фокус кон бизнис стратегија и агилност

Проект менаџмент тим што е повеќе фокусиран на тоа како проектите придонесуваат кон растот и иновативноста на компанијата, одошто само на завршување на задачата, може да му донесат на бизнисот голема конкурентска предност.

Одлични комуникациски вештини

Проект менаџерите мора да бидат способни да допрат до луѓе од различен бекграунд, со различни персонални карактеристики, и да можат брзо и концизно да ги информираат вработените, директорите, клиентите и сите останати засегнати страни за статусот на проектот.

Способност точно да се процени ризик

Со секој проект доаѓаат ризици – ризик околу распределба на ресурсите, околу исполнување на очекувањата и стандардите, околу запазување на роковите…Добриот проектен менаџер треба да може да ги процени и минимизира сите овие ризици со тоа што ќе обезбеди дека вистинските членови на тимот ги имаат вистинските алатки, знаење и информации.

Глобално искуство

Денешната глобална, дигитализирана економија значи дека некои проекти ќе бидат реализирани од тимови на различни географски локации. Затоа сè повеќе се на цена менаџерите со искуство во раководење тимови во друга земја, или пак самите работеле во други земји освен матичната.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×