Третина од измамниците во компаниите се извршните директори или менаџерите
Објавено на од во луѓе и компании

Проневерата во бизнис светот е глобален проблем кој им носи штета на многу корпорации, ги чини милиони компаниите, а понекогаш токму измамите се причина и за уништување на животот на многу луѓе.

Последното истражување на консултанската куќа KPMG, спроведена од март 2013 година до август 2015 година, базирана на одговори добиени од прашалници од околу 750 вработени во компании кои направиле проневера и ја оштетиле компанијата, дава слика за тоа како отприлика изгледа профилот на вработени кои би направиле некаква измама во компанијата.

Измамници според ниво

Интересно е да се посочи дека 34% од измамниците се извршни или неизвршни директори во компаниите кои се жртви на вакви проневери од страна на вработените, 32% се менаџери, а 20% од нив се обичните вработени.  Меѓу нив, 32% од измамниците на менаџерско ниво се мажи.

Притоа  38% од измамниците биле многу почитувани во компанијата, а само 10% од нив имале ниска репутација.

Инаку, причините за да направат проневера во компаниите, како што покажало истражувањето, најчесто се должи на слабата внатрешна контрола (61%). Во Европа, 72% од измамниците рекле дека слабата внатрешна контрола ја гледале како можност за измама.  44% од нив пак имале неограничен авторитет во компанијата па благодарение на тоа успеале да ја измамат и контролата.

Истото истражување покажа дека 79% од измамницитe се мажи, но од 2010 година се забележува раст и меѓу жените измамници, кои сега сочинуваат 17%, за разлика од 13% во 2010 година.

Измамници

Од другите поинтересни податоци можат да се истакнат и следниве карактеристики на вработените кои вообичаено се подготвени да направат проневера во компанијата за која работат:

-           68% од престапниците (мажи и жени) се на возраст од 36 до 55 години, а 45% од жените престапници, се најчесто на возраст од 36 – 45 години.

-          Процентот на измамници на возраст од 26 до 35 години е значително помал, и изнесува 14%.Споредено со пет години претходно, пак, кај оваа група се забележува благ пад меѓу жените престапнички – односно ако во 2010 година истражувањето покажало дека жените на возраст од 26 до 35 години преставуваат 24% од вкупниот број измамници, денеска, во 2015 година тој процент е 19. За сметка на тоа, пак, во истиот период се бележи зголемување на процентот измамници меѓу мажите на оваа возраст од 9% на 13%.

-          65% од измамниците се вработени во фирмата која што е жртва на вакви проневери, додека 21% се поранешни вработени. Меѓу престапниците кои се вработени, 38% работеле за организацијата повеќе од 6 години. Исто така, 70% од измамниците работеле организирано.

-          Најголем дел од вработени кои работеле организирано се во компаниите кои работат во Латинска Америка и на Карибите (76%) , како и во Африка и на Блискиот исток (74%).

-          Неорганизирано, односно, измамата ја правеле самостојно, вработените во Северна Америка (САД и Канда) односно 58%, додека во Океанија (Австралија и Нов Зеланд) самостојно работеле 65% од вработените.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×