Трговската марка JUPOL годинава празнува 50 години
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Jубилејот ќе биде одбележен со повеќе од 5.000 километри долги патувања на JUPOL возилото низ 10 земји, со што JUB сака симболично да ги поврзе сите пазари каде што брендот JUPOL е формиран пред 5 децении.

 JUPOL50

 

 

 

 

 

 

 

Компанијата JUB оваа година прославува јубилеј 100 години од името JUB и 50 години од брендот JUPOL. Трговскиот бренд JUPOL кој во изминатите 50 години стана синоним за квалитетни внатрешни ѕидни бои е тесно поврзан со развојот на компанијата. Денес е меѓу најмоќните  трговски марки,  а воедно и со најголем продажен успех, поврзана со милиони задоволни и лојални корисници од различни генерации.

Тековнава 2019 година како во Словенија така и на останатите пазари каде што JUB работи преку своите компании ќе биде исполнета со прослави, бројни средби и настани. Вработените во JUB во поединечните земји 50-годишнината од брендот JUPOL ќе ја одбележат гордо и достоинствено заедно со крајните корисници, трговците и професионалните изведувачи.

Во оваа прилика јубилејот ќе биде одбележен со повеќе од 5.000 километри долги патувања на JUPOL возилото низ 10 земји, со што JUB сака симболично да ги поврзе сите пазари каде што брендот JUPOL е формиран пред 5 децении.

Така да JUPOL од една држава во друга како благодарност за долгогодишната доверба на милиони корисници со гордост ќе носи  само добри мисли, желби и среќа на сите оние на кои им е најпотребна.

Историјата на JUB датира уште од 1875 година, кога во Словенијасо мелење и пигментирање на глина почнаа да се создаваат првите внатрешни премази за ѕидови.

Кратенката JUB е создадена подоцна, во 1919 година кога компанијата во Дол при Љубљани ја презеде хрватското акционерско друштво Југословенска индустрија уља и боја. Во мај оваа година JUB ќе слави 100 години од своето име, и истовремено зачувувајќи ја традицијата и историската вредност како име на корпоративниот бренд сигурно заслужува секаква почит.

JUPOL беше првата внатрешна дисперзна боја развиена од страна на JUB во 1969 година,која веднаш стана најдобро продавана боја на пазарот.Неговата прва амбалажа биле салонитни буриња, за да покасно во 1972 година бидат пластични канти, наречени hoboki.За нејзиното создавање најзаслужен бил таткото на JUPOL Флоријан Реговец, тогашниот технички менаџер на фабриката, а подоцна и директор на ЈУБ.Во 60-тите години од минатиот век тој проба да создаде боја која ќе биде подготвена за примена а во исто време и со достапна цена на пазарот, боја со која секој дом може да се обои. Врз основа на производната формула – половина боја Juboflor иполовинабоја Jubocolor, а во врска со името на компанијата JUB името JUPOL  беше создадено од тогашниот JUB-ов сметководител Ангела Јерман.

Освен Флоријан Реговец и инженерот за развој Франц Франдад, кој во текот на уште три децении беше одговорен за рецептурата на ЈУПОЛ, во историскиот мозаик зацрта патека на брендот кој веќе 50 години ужива углед како на домашниот така и на останатите европски пазари.

Разбирајќи ги потребите на пазарот и што подоброда биде искуството за корисникот,JUB непрекинато инвестираше во развојот и проширувањето на програмата на внатрешните дисперзни бои за обновување и заштита на внатрешните ѕидни површини, кои потрошувачите денес ги препознаваат како еколошки и нештетни по здравјето производи од фамилијата JUPOL, изработени на водена база и едноставни за употреба и одржување. После 2011 година JUB ја презентираше целатафамилија на бои JUPOL со трговките марки Gold, Brilliant, Latex, Junior, Trend, Citro, Block, Strong, Thermo, Bio Silicate, Amikol и други, а основниот JUPOL го доби називот Classic.

Со боите од фамилијата JUPOL годишно боиме дури 200 милиони квадратни метри ѕидни површини.JUPOL  кој од страна на корисниците е ценет на сите продажни пазари, е еден од најпознатите и најдоверливи брендови.Тоа го докажуваат и бројните признанија на потрошувачите и професионалната јавност, во кои тие го препознаваат како најдобар производ на домашниот пазар.Трговската марка JUPOL традиционално останува клучна водилка на корисниците при изборот да купат добри бои за домот која потрошувачите ја ценат врз основа на бројните предности сплотени во своите квалитетни производи.

JUPOL патува.  JUPOL поврзува
JUPOL како трговска марка во текот на изминатите 50 годиниповрза милиони луѓебидејќи со децении беше присутна на многубројните странски пазари. Почетокот на прославата по повод 50-годишнината од JUPOL, JUB ќе го одбележи веќе на првиот ден од пролетта, кога ќе започне патот на JUPOL низ 10 држави.

Кантата JUPOL ќе го започне своето патување прво во Македонија, на Косово и во Црна Гора, потоа ќе продолжи во Србија, Босна и Херцеговина и во Хрватска, а потоа по посетата на Унгарија, Словачка и Чешка, своето патување ќе го заврши во Словенија, каде што ќе пристигне на почетокот од Јуни, месец во кој JUPOL го слави својот 50-ти роденден. Секој кој ќе го придружува JUPOLна ова патување во својата земја ќе може да ја испрати својата порака, добри мисли, желби, чувства или честитки, на веб-страницата www.jupol50.si и во оваа прилика да изрази љубов или наклонетост кон оваа трговска марка врз основа на очекувањата кои треба да се сметаат за патник на JUPOL во следните 50 години. Вработените во JUB оваа година ќе го прослават јубилејот 50- години JUPOL со своите корисници и ќе го одбележат и со други активности и настани. Паралелно, во секоја земја преку фирмите на ЈУБ ќе се спроведат низа хуманитарни проекти поврзани со боите JUPOL и со бројката 50 (години) или 5 (децении).

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×