Трговската размена со Германија зголемена за 18%
Објавено на од во Економија
Германија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во СР Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22 отсто во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18 отсто. За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит.
makedonsko-germansko-znameОва беше посочено, како што информираат од Министерството за финансии, на првата официјална средба помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и амбасадорот на Германија Томас Герберих на која е нагласен растечкиот тренд на трговската соработка, како и континуираната поддршка што оваа пријателска земја и ја дава на држвава, особено во нашата цел да станеме член на Европската Унија.
На средбата се разговарало  за билатералната соработка со Германија. Во рамки на билатералната соработка, Германија има инвестирано 368 милиони евра во нашата земја преку КфВ развојната банка. Во рамки на оваа соработка реализирани се бројни проекти, а во моментот во имплементација се: втората фаза од Ветерeн парк Богданци, Топлификација Битола, втора фаза на проектот Наводнување на Jужната долина на реката Вардар фаза 2.
Во рамки на соработката со КфВ развојната банка во тек е подготовка на проект за реконструкција на студентските домови во земјава, за што е ангажиран и консултант кој направил структурна и енергетска анализа за реновирање на девет студентски дома.
И од министерката за финансии и од амбасадорот Герберих беше истакнато дека соработката помеѓу двете земји ќе се продлабочи и во иднина, особено на економски план.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×