Трговската војна избриша 1 трилион долари од пазарите
Објавено на од во Економија
Екслацията на трговската војна меѓу САД и Кина предизвика големите загуби на финансиските пазари оваа година и избриша над 1 трилион долари од вредноста на акциите во светот, пренесува Bloomberg.
SABC-News-China-USA-ReutersИндексот MSCI All-Country избриша над 2% од вредноста и го забележа најлошиот ден од декември. Распродажбите беа најголеми во САД, каде што S & P 500  го заврши  денот со 2,4% пониско. Nasdaq падна со над 3%, а Dow Jones Industrial Average – со 2,38%. Во Европа, акциите паднаа за 1,2%, а вкупно за пазарите во развој – за 1,7%.
Трговскиот напон ги смести американските акции во црвено во пет од последните шест сесии, а во понеделникот распродажбата се зголеми откако Пекинг возврати на зголемените од Вашингтон царини.
Економистите веќе предупредија дека постојните царини ќе го погодат американскиот раст. Тие, исто така, се загрижени дека воената ескалација, во која целиот увоз од Кина е предмет на 25% оданочување, и одговорот на Пекинг, би можел да ги втурне САД во рецесија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×