Трговската војна ќе го чини светот 850 милијарди долари
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг ќе го чини светот околу 850 милијарди американски долари, додека американската економија ќе изгуби околу 200 милијарди американски долари, процениja Федералните резерви на САД.
клинцЕкономистите ја анализираа тековната состојба и заклучија дека неизвесноста во трговската политика се искачи на невидено ниво од 1970-тите.
Федералните резерви проценуваат дека трговската војна ќе ги чини САД и светот скоро еден процент од нивниот БДП.
Марк Торнтон, експерт во Институтот Мизис, верува дека доколку сегашниот тренд продолжи и Доналд Трамп реши да ги заостри односите со Кина, глобалниот раст на БДП во 2019 година ќе биде само два проценти наместо 2,6 проценти, пресмета Светската банка.
Администрацијата на Трамп продолжува да инсистира на тоа дека САД имаат корист од сите нејзини анти-кинески мерки.
Белата куќа верува дека царините помагаат да се намалат трговските дефицити меѓу Америка и азискиот гигант.
Торнтон рече дека по последните мерки, Трамп се надевал дека ќе ги преземе трговските преференци на Пекинг и ќе ја консолидира својата национална економија, благодарение на враќањето на производството во САД.
„Идејата требаше да има позитивен ефект, но во пракса досега не се случи“, посочува експертот.
Во пракса, анти-кинеските мерки само го забавуваат растот на националниот БДП. Така, сложениот водечки показател за Соединетите држави се намали на 98,8 поени, што е неговиот историски минимум од 2010 година.
Сергеј Суверов, висок аналитичар во БКК, смета дека Соединетите држави, како и Кина, исто така се изложени на ризик да претрпат значителни загуби од трговските спорови.
Тој предвидува инфлација предизвикана од зголемувањето на цените на стоките, намалениот извоз на храна и автомобили од САД, како и рецесија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×