Дали и како трговската војна меѓу САД и Кина ќе влијае врз македонската економија?
Објавено на од во Економија

Кога сите очекуваа трговските преговори меѓу двете најголеми економски сили да завршат со договор, сосема неочекувано трговската војна меѓу САД и Кина ескалираш со воведување на нова рунда царини. Прво, од страна на САД, кои ги зголемија царините од 10% на 25% за 300 милијарди вреден увоз од Кина, а кинеските власти за два дена возвратија исто со поголеми царини за увоз на американски производи во вредност од 60 милијарди кина.

Народна банка 1

“За нашата економија, засега не се оценети позначајни директни ефекти, а индиректните ефекти во голема мерка ќе зависат од  тоа какви ќе бидат последиците од трговските тензии врз изгледите на нашите клучни трговски партнери, пред сѐ Европската Унија. Засега, на ниво на целата економија ефектите  од претходно воведените мерки се оценуваат како умерени.

Поконкретно, во однос на нашата економија, може да се каже дека досега таа нема претрпено повидливи ефекти, со оглед на тоа што минатата година беше забележан двоцифрен раст на извозот на стоки и мало стеснување на трговскиот дефицит, а ваквите поволни трендови продолжија и во првото тримесечје од оваа година”, велат од Народната банка.
Директната трговска изложеност на нашата економија кон САД и Кина е релативно мала и минатата година учеството на надворешната трговија со овие две земји во вкупната трговија изнесуваше 2% и 3,7%, соодветно.

Но, сепак, самата неизвесност и намалената доверба којашто трговската војна ја создава делува дестимулативно и во глобални рамки може да резултира со послаба економска активност од очекуваната.

“Во таа насока може да делуваат и последните мерки за зголемување на царинските тарифи од страна на САД за дел од производите коишто се увезуваат од Кина и реакцијата на Кина со најавените мерки  за воведување царински тарифи за американски производи. Поконкретно, имајќи предвид дека нашата економија е вклучена во германскиот синџир на снабдување, битен канал на пренос на ризиците од растечкиот протекционизам врз нашата економија би било намалувањето на побарувачката за нашите извозни производи од германската економија, заради нејзиниот побавен раст. Зголемувањето на неизвесноста на глобалниот амбиент секако може неповолно да делува и преку каналот на финансиските текови и каналот на доверба”, велат од Народната банка.

image2

Тие потенцираат дека и при презентирање на најновото макроекономско сценарио, нагласивме дека ризиците во делот на надворешното окружување се понеповолни во однос на претходните наши проекции, а еден од изворите за поместувањата во перцепциите се токму растечките трговски тензии. “Интензитетот ќе зависи од ефектите коишто тековните и можните идни мерки може да ги имаат врз растот на европската економија, а со тоа индиректно и врз изгледите за нашата економија”, велат од Народната банка потенцирајќи дека и во следниот период многу внимателно ќе ги следат движењата и промените во домашниот и надворешниот амбиент, и соодветно ќе реагираат доколку е тоа потребно.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×