Три години затвор за Мијалков, три години и два месеци за Тачи
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Три години затвор за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, а три години и два месеци затвор за лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
taci-i-mijalkov-titanik-2-361udynyly9tkjup4z7pj4Пресудата за случајот „Титаник 2“, за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, која денеска во Кривичниот суд, ја објави судијата Огнен Ставрев беше предвидува три години затвор за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, три години и два месеци за лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими е осуден на четири години и шест месеци  затвор, а членовите Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев добија по три години затвор.
Според кривичното дело за кое се гони Мијалков,  „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 5 в.в. со став 4 од КЗ, му се закануваше затворска казна од 1 до 5 години затвор.
На Тачи и на останатите обвинети членови на ДИК, им се закануваше казна затвор од најмалку пет години, бидејќи беа обвинети за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×