Tри нови линии на ВИЗ ЕР од Скопје кон Малта, Рим и Ваксјо
Објавено на од во Компании

wizzair
Авиокомпанијата ВизЕр и аеродромскиот оператор ТАВ Македонијаа денеска прослави три милиони патници на Виз ер во Македонија најавија три нови авиолинии и базирање на четврт воздухоплов во Скопје. Виз ер, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и ТАВ Македонија, компанијата што управува со двата македонски аеродрома, најавија отворање на три нови авиолинии од Скопје до – Малта, Рим и градот Ваксјо во Шведска, како и базирање на четвртиот воздухоплов на авиокомпанијата на скопскиот аеродром. Новите летови ќе почнат од јули година, поточно од 14. и 16. јули, а продажбата на билетите за овие три нови линии почнува денеска, на wizzair.com со цени кои почнуваат од 1.799 денари. Сите резервации направени на која било од 27-те дестинации достапни од Скопје денеска 28. февруари до полноќ ќе бидат со специјален попуст од 20%.

“Денешната најава дополнително ја истакнува нашата заложба кон Македонија и посветеноста на Виз ер за носење можности за патување по најниска цена за нашите клиенти, заедно со одличната услуга на Виз ер за време на летовите каде што ја имаме една од најмладите флоти кои што оперираат во Европа. Нашата инвестиција во базата во Скопје со дополнителниот воздухоплов, трите нови линии и зголемените фреквенции на постојните летови, значи повеќе работни места во Македонија и во Виз ер, но и кај нашите бизнис-партнери, и тоа дополнително ќе ги стимулира туристичките и угостителските индустрии и ќе ги зајакне бизнис-односите во Македонија. Ја прославуваме успешната приказна на Виз ер во Македонија со специјална продажба на авионски карти со 20%* попуст на цената за сите нови резервации направени денес, 28 февруари, до која било од 27-те дестинации достапни од Скопје”, изјави Овен Џонс, Главен директор за корпоративни прашања на Виз ер.

Покрај новите воведени линии, летовите од Скопје до Ајндховен, Брисел-Шарлероа, Меминген (Минхен Запад) и Копенхаген ќе бидат со зголемени фреквенции до три летови неделно, додека конекциите од Скопје до Гетеборг Ландветер, Братислава и од Охрид до Базел-Милхаус-Фрајбург ќе бидат со зголемени фреквенции до четири летови неделно. Во исто време, популарните летови од Скопје до Малме и Милхаус сега ќе сообраќаат секој ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×