Триесетдневен притвор за Јанева
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Триесетдневен притвор е одреден за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
katica-janeva-vo-krivicen-sud1Судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.
Околу четири часа траеше распитот на Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески. Се дискутирално исклучиво за мерката притвор.
Обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за Јанева.
Најголем дел од доказите во текот на шест месеци се прибрале во текот на предистрагата.
Нагласи дека истрагата е се уште отворена и додаде дека постои судир на интереси поради тоа што Павлески е адвокат на Јанева, а тој е и адвокат на Цветан Панделевски осомничен во „Империја“. Додаде дека на нејзино барање треба да се земе обврската Павлески да ги откаже полномоштвата за другите осомничени во други предмети на СЈО.
Таа додаде дека засега нема други осомничени во „Рекет“, но тоа не значи дека таа не може да се прошири на други лица.
Катица Јанева од Кривичен на пат за Шутка
комбе за катицаСпецијалната јавна обвинителка Катица Јанева синоќа од Кривичниот суд со полициско возило е на пат за истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
Судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.
Околу четири часа траеше распитот на Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески. Се дискутирално исклучиво за мерката притвор.
Обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за Јанева. Русковска нагласи дека на Јанева ќе и биде дозовлено да присустува на погребот на нејзината мајка, утре во Гевгелија.
Во притвор во Шутка веќе се наоѓаат другите двајца осомничени за „Рекет, Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×