Триглав групација со раст на премијата и помала добивка во првиот квартал
Објавено на од во Компании
Во овие вонредни услови, Триглав на македонскиот пазар ги насочи своите активности кон обезбедување на услуги на клиенти од далечина, со цел да ги задоволи сите нивни потреби на безбеден начин.
triglav-2
Триглав Осигурување во Македонија во првите три месеци годинава оствари бруто полисирана премија, во износ, нешто поголем од 5 милиони евра, соопштуваат од компанијата. Дел од приходите по основ на осигурителна премија во првите три месеци беше одложен за периодот којшто следи, заради специфичноста на осигурувањето. Според последните официјални извештаи, компанијата ја одржува својата лидерска позиција на пазарот на неживотно осигурување, а овој квартал го заврши со адекватност на капиталот од 426%, што е речиси 8% повеќе споредено со крајот на 2019 година.
Триглав Осигурување Живот првиот квартал го заврши со поголема бруто полисирана премија (индекс 136) споредено со истиот период минатата година, додека пак Триглав пензиско друштво за 7% ги надмина планираните средства во Триглав задолжителен пензиски фонд.
 „Овој квартал беше полн со предизвици за сите нас. За прв пат се соочивме со пандемија, изменет начин на живот и работење заради социјално дистанцирање и карантин, што доведе до неизвесност. Меѓутоа, Триглав навремено ги насочи активностите на своите компании кон обезбедување на непрекината услуга на клиентите во сите домени на осигурувањето. Внимателно го следевме развојот на настаните, и ги прилагодувавме своите активности во согласност со препораките на надлежните институции, со цел да го превенираме ширењето на пандемијата и со тоа да ги заштитиме своите вработени и клиенти. Во доменот на животно осигурување, во овој квартал влеговме на пазарот на банкоосигурување, започнувајќи соработка со ТТК Банка. Нашиот фокус останува на непречено функционирање на компаниите и достапност на услугите на клиентите, кои се наш приоритет.“ , изјави главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.
Поголема премија на ниво на групација
Групацијата Триглав пак, пресмета 10% поголема консолидирана премија од осигурување (348,9 милиони евра) споредено со истиот период минатата година. Нејзиниот раст во Словенија изнесуваше 6%, а на пазарите надвор од Словенија 17%. Премијата се зголеми во сите три сегменти на осигурување. Во сегментот на неживотно осигурување премискиот раст изнесува 8%, а раст има во поголемиот дел на имотни осигурувања.
Премијата кај здравствените осигурувања е за 21% поголема, што првенствено е последица на зголемување на просечната премија минатата година. Заради поголеми уплати и успешна продажба преку банковиот канал, премијата за животни и пензиски осигурувања се зголеми за 11%. Масовните штетни настани го зголемија техничкиот резултат, што го влоши комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав, кој и покрај тоа изнесува 93,9 проценти.
Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар изјави: „Иако економските услови се влошуваат, во првото тримесечје од годината не влијаеа негативно на премискиот дел од нашето работење. Проценуваме дека осигурителното и инвестициското портфолио на Групацијата Триглав се доволно отпорни, дека позицијата на капиталот е соодветна и дека можеме успешно да се соочиме со зголемени ризици, кои во економското окружување се предизвикани од страна на пандемијата на новиот корона вирус. Масовните штетни настани во првиот квартал од годината (земјотрес во Загреб и невреме проследено со град во Словенија) во споредба со минатата година, ја намалија тримесечната добивка. Таквите штети, особено доколку настанат во првиот квартал, предизвикуваат годишна волатилност на деловниот резултат, но проценуваме дека заради нашата годишна агрегатна програма за реосигурување, нема значително да влијаат на исполнување на годишните цели.“
Инвестициско портфолио и средства во управување
Падот на цените на финансиските пазари предизвика негативен принос на големото инвестициско портфолио на Групацијата Триглав, кое изнесува 3,1 милијарда евра. Во таквите прилики, Групацијата Триглав се заштити преку конзервативниот состав на портфолиото, каде 73,6% отпаѓа на должнички хартии од вредност, од кои поголемиот дел се инвестирани во еврозоната и со високо квалитет. Дополнително, преку активно инвестирање, ги прилагоди уделите на поединечните класи на инвестиции. Со тоа, Групацијата зачува соодветна диверзификација на целокупното инвестициско портфолио, а обезбеди и дополнителна ликвидност преку зголемување на уделот на парични средства (индекс 164). Состојбата на финансиските пазари негативно влијаеше и на управувањето со средства на клиентите во заедничките фондови и на индивидуалното управување. Во однос на крајот на минатата година, опсегот на средства, управувани во взаемните фондови на Групацијата,  се намали за 15% (изнесува 875,6 милиони евра), а за 9% се намали опсегот на средства под индивидуално управување со имот (74,7 милиони евра). При отежнати околности во работењето, Групацијата Триглав успеа дополнително да ја зацврсти лидерската позиција помеѓу друштвата за управување во сегментот на взаемни фондови во Словенија, а нејзиниот пазарен удел во првите три месеци од годината се зголеми за 0,3 процентни поени, со што обезбеди пазарен удел од 34,2%.
 Ефикасност на трошоците
Вкупните трошоци во работењето во доменот на осигурување во првото тримесечје изнесуваа 64,3 милиони евра. Нивниот раст од 5% е помал од планираното ниво, и првенствено предизвикан од поголемите трошоци за аквизиција и трошоци за работа заради раст на премијата од осигурување. Растот на трошоците за работа заостана зад премискиот раст, затоа дополнително се намали нивниот удел во премијата, и тоа за 0,8 процентни поени, на 18,4%.
 Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар изјави: „Во Групацијата Триглав делуваме во насока на својата визија, преку фокусираност на клиентите, динамично развиваме нови начини на работење, кои се темел на одговорниот долгорочен развој на Групацијата, додека истовремено работиме профитабилно и безбедно. Досегашните стратешки развиени решенија ги применуваме максимално, развиваме нови, во својата работа остануваме посветени на темелните стратешки насоки, меѓу останатите – постигнување на долгорочна, стабилна економска профитабилност. Моментално работиме во прилично непостојана средина полна со предизвици, со присуство на неизвесност по однос на прашањето за економските последици од пандемијата и нејзиното времетраење, што во овој момент оневозможува проценка на исполнување на планот. Засега претпоставуваме дека проценка ќе биде возможна при објавување на полугодишниот резултат од работењето.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×