Триглав со 22% повисока добивка во прв квартал
Објавено на од во Компании
На пазарот во Македонија, Триглав Осигурување Скопје, како дел од групацијата Триглав оствари повисока премија од 9%, споредено со истиот период минатата година.

Словенечката групација Триглав оствари нето добивка од 31,1 милион евра, што претставува раст од 22% на нето добивката во првиот квартал од 2015, во споредба со истиот период лани, известија од компанијата.

На пазарот во Македонија, Триглав Осигурување Скопје, како дел од групацијата Триглав,  оствари повисока премија од 9%, споредено со истиот период минатата година. Во овој период Триглав Осигурување Скопје, оствари 5,2 милиони евра премија, а истовремено намалени се бруто трошоците за работење за 3% во споредба со минатата година.

Во структурата на бруто полисираната премија од осигурување и соосигурување на друштвата на групацијата Триглав, премијата на Триглав Осигурување Скопје има удел од 2,1%.

На пазарите на групацијата Триглав надвор од Словенија, највисок пораст на премијата од осигурување и тоа од 54% е постигнат во Србија, во Македонија порастот изнесува 9%, во Црна Гора 8%, а во Хрватск а5%. Во Босна и Херцеговина, Триглав бележи пораст на премијата од 4%, а воБања Лука пад од 3%. Чешкото осигурително друштво, кое е во фаза на продажба, бележи пад на премијата од 30%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×