Трилатерала Ципрас-Вучиќ-Борисов: Многу сме посилни ако по одредени прашања настапуваме обединето
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грција, Бугарија и Србија заедно се не само три пати, туку десеткратно посилни отколку кога настапуваат поединечно, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Солун, по трилатералниот состанок со премиерите на Грција, Алексис Ципрас, и на Бугарија, Бојко Борисов.

„Посилни сме кога сме заедно, отколку кога настапуваме одвоено. Би можеле тој модел да го користиме почесто, и за различни прашања да се поставуваме обединето и заеднички, и со тоа да добиваме неспоредливо подобри резултати за нашите три земји. Подготвени сме по сите прашања од надворешните и од внатрешните предизвици заеднички да дејствуваме, а во согласност со европските принципи, со европските стандарди“, изјави Вучиќ.

Грчкиот премиер Ципрас говореше (и) за Македонија, при што порача дека се неопходни стабилност и мир во земјата, додавајќи оти е важно да се води дијалог и да се најде заедничко прифатливо решение за името, што е, како што подвлече, предуслов за поддршката на Атина за Скопје на патот кон Европската унија.

Бугарскиот премиер Борисов, пак, порача дека ЕУ не смее да го запостави западниот Балкан, зашто постојат амбиции на некои земји да влијаат на регионот.

„Немаме ништо против да нѐ сакаат, но не и да имаат влијание на политичките системи на Балканот“, порача тој.

Борисов рече дека оптимистички гледа во однос на европската перспектива на западниот Балкан по самитот во Трст, зашто обврски во контекстот преземаа Германија, Италија и Австрија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×