Тромесечните приходи на Alphabet скокнале на 32,2 милијарди долари, но цената на акцијата падна
Објавено на од во hi-tech & business

Alphabetво последното ланско тромесечие остварил приходи од 32,2 милијарди долари, 24% повеќе отколку година претходно, а силно пораснала и добивката на оваа „чадор“ компанија на Google, ако се одземат еднократните даночни трошоци.

Според финансискиот извештај објавен вчера, чистата добивка на Alphabet достигнала во минатиот квартал 6,8 милијарди долари, што е за 28% повеќе од година претходно.

Но, кога ќе се вклучат еднократните даночни трошоци од 9,9 милијарди долари, поврзани со неодамна воведената даночна реформа во САД, компанијата работела со загуба од околу 3 милијарди долари.

По објавата на резултатите, цената на акциите на Alphabet во продолженото тргување по затворањето на Волстрит паднала за скоро 3%, што е, велат аналитичарите, последица на големиот раст на трошоците на компанијата.

Тие трошоци во изминатото тромесечие пораснале за 27% на годишно ниво, побрзо од растот на приходите.

Сите останати резултати се силни, е оценката на аналитичарите. Така, приходите на Google од огласување, кои прават околу 85% од вкупните приходи на технолошкиот џин, пораснале за 22% на годишно ниво, на 27,3 милијарди долари.

Бројот на огласи, или на платени „кликнувања“, скокнал за 43% во однос на истиот период година претходно, над очекувањата на аналитичарите. Трошоците по „кликнување“ се намалени за 14% на годишно ниво.

Резултатите покажуваат дека Alphabet се носи добро со жестоката конкуренција од Facebook на пазарот на мобилно и видео огласување, кој силно расте зашто огласувачите се подготвени добро да платат за неколку секунди внимание на таргетирани гледачи на содржина.

Според аналитичката компанија eMarketer, Google и Facebook заедно држат речиси 60% од светскиот пазар на мобилно и видео огласување. Голем дел од овие приходи се благодарение на популарноста на YouTube.

Освен Google, кој ги опфаќа и интернет пребарувачот и YouTube, и останатите делови на Alphabet во кои компанијата силно инвестира, како што се хардверските и „облачните“ услуги, бележат подобрување.

Благодарение на тоа, во целата 2017 приходите на Alphabet пораснале за 23%, на 110,9 милијарди долари.

Но, чистата добивка на компанијата паднала за 35%, на 12,6 милијарди, што е последица на еднократниот даночен трошок, но и казната од 2,7 милијарди долари што Европската комисија лани ја одреди поради злоупотребата од страна на Google на доминантната положба на пазарот на пребарувачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×