„Труст“ – нова истрага на СЈО за незаконски добиен тендер
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Три физички и три правни лица се осомничени во истрагата под името „Труст“ што денеска ја објави Специјалното јавно обвинителство. Финансиската истрага се однесува на добивање тендер на „АД Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) од страна на конзорциум од три фирми, со фалсификувана документација.

Осомничени се управителите на „Транс Мет“ ДОО Скопје, на „Силекс Неметали СТ“ ДООЕЛ Кратово “, и на „Вато“ Доо Скопје, кои за учество на тендер во 2011 година доставиле невистинита документација за поседување соодветна механизација. Конзорциумот на овој начин го добил тендерот, на кој потоа имало и анекс, а фирмите заработиле 17,2 милиони евра.

„Постои основано сомнение дека на 14.11.2011 година во Скопје, првоосомничениот како одговорно лице-управител на осомниченото правно лице „Транс Мет“ ДОО Скопје, второ осомничениот како застапник на осомниченото правно лице СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ СТ“ ДООЕЛ Кратово, и трето осомничениот како управител на осомниченото правно лице „ВАТО“ ДОО Скопје, свесно ги повредиле прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка и му овозможиле на конзорциумот противправна имотна корист“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Предистражната постапка е почната врз основа на содржината, како што рече Фетаи, на три прислушувани телефонски разговори, од кои два не се објавени.

„Од оваа истрага се гледа до каде одела борбата со конкуренцијата за добивање тендери“, рече Фетаи.

Како што изјави обвинителката, „постои основано сомневање дека осомничените сториле по едно кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од чл.275-в ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик. Потенцираме дека осомничени се и трите правни лица во чие име делувале осомничните физички лица“.

Претходно на прес-конференцијата на СЈО, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, соопшти дека е проширена истрагата за случајот „Титаник“; сега на 17 лица, меѓу кои и високи државни функционери и службени лица вработени во државни органи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×