Царината одбележа 27 години – најави новитети во работењето
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Танасоски оцени дека царината е на вистинскиот пат истакнувајќи дека во годината што измина има раст во наплатата на царинските приходи за 11%.
carina-logoЗабрзување на постапката на економските оператори и намалување на нивните трошоци во царинските постапки, им вети директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски со новиот систем што ќе почне да функционира од јуни оваа година, а кој ќе креира поефикасна и модерна царинска контрола во согласност со глобалниот развој и дигиталната ера.
„Изминатата година Царинската управа започна ново поглавје во своето работење  – беше финализиран развојот на Системот за обработка на царински декларации и акциски документи што ќе го замени досегашниот систем АСИКУДА. Со тоа, сите царинските постапки што досега се реализираа на хартија ќе бидат заменети со електронски постапки. Со имплементацијата на новиот систем, кој претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, значително ќе се поедностави работата на царинските службеници, граничните агенциии за сите учесници во царинската и надворешно-трговската постапка и ќе се креаира поефикасна и модерна царинска околина во согласност со глобалниот развој и дигиталната ера“, истакна Танасоски на денешното одбележување 27 години од постоењето на Царината и Денот на Царината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×