Царинската унија со пари од ЕУ и од буџетот ќе го модернизира граничниот премин Богородица
Објавено на од во Економија

bogorodicaЦаринската управа на Македонија преку Проектот за користење на средства од Програмата ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2014-2020 година, ќе го модернизира граничниот премин Богородица.

Со договорот за започнување на Проектот што беше потпишан на 2 Април 2018 година, финансиран од Европска Унија и кофинансиран од Владата на Република Македонија  во износ од 442.500 евра, предвидено  е до крајот на 2023 година да се извршат повеќе инфраструктурни зафати на ГП Богородица и ГП Дојран.
“Инфраструктурните зафати ќе овозможат создавање на современи услови за давање на поквалитетни услуги на премините, што за економските оператори, превозниците и патниците ќе значи олеснување и забрзување на движењето на стоките, како и создавање на дополнителни услови за контрола и заштита на граѓаните”, велат од Царината, појаснувајќи дека овој проект придонесе за олеснување и забрзување на царинските и граничните постапки и подобрување на прекуграничната соработка.
Надградбата на објектите ќе ја зголеми пропусната моќ на преминот за стокови пратки, ќе го намали времето потребно за вршење на граничните формалности и ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×