Царинската управа домаќин на 14. Светска царинска конференција
Објавено на од во Економија
Царинската управа во соработка со Светската царинска организација од 22-24 октомври годинава ќе биде домаќин на 14. Светска царинска конференција ПИКАРД.
carinska-uprava-rmТема на светската конференција ќе биде „Smart borders“ за непречена трговија, патување и транспорт“ со што ќе се потврди определбата за непречено движење на стоки, патници и транспортни средства преку границите.
Анализа на големи податоци – Big Data Analytics, Координација и соработка на граници, Прекугранична Е-трговија, Специјални економски зони, Технологија на граничните премини и Намалување на протекционизмот, ќе бидат останатите теми на конференцијата.
Се очекува да присуствуваат директори на царински управи од сите континенти, претставници на академската заедница, универзитети и институти.
-Изборот на Царинската управа и на земјава за домаќини на оваа конференција е потврда на реформскиот напредок на Владата за вклучување во глобалните синџири на светската економија, модернизација на царинското работење и олеснување на трговијата, наведува Царинската управа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×