Царовска: Барањата на текстилниот кластер за субвенции не се прифатливи
Објавено на од во Економија

МИа ЦаровскаБарањата на текстилниот кластер да добијат субвенции од државата се неприфатливи за Владата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Царовска кажа дека  на 1 мај кога имале средба со Организацијата на работодавачи и била презентирана мерката за субвенцинирање на сите плати меѓу 12.000 и 18.000 денари и текстилниот кластер се согласил со тоа.

„ Плати исплаќаат и исплатија минимална плата без да ги користат субвенциите. Сметам дека она што тие го бараат е неприфатливо за Владата, затоа што бараат да се анулираат придонесите во Фондот “– рече Царовска.

Од текстилниот кластер вчера побараа да добијат субвенции за компаниите и да се врати нормата за исплата на минимална плата.

„Ние она што го бараме цело време е  трудоонтензивните гранки да се ослободат од плаќање на  дел од придонесите и да се пренасочат во џебовите на работниците. Тоа значи дека целиот износ нема да биде загуба за буџетот на Р.М. туку дел од нив ќе се вратат преку ДДВ “- изјави Мирјана Перковска, претседателка на Кластер за текстил.

Тие побараа 50 проценти од придонесите да бидат на товар на државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×