Целата македонската економија со обрт од 19,4 милијарди евра во 2017 година
Објавено на од во Компании

denariИзминатата 2017 година македонската економија направила вкупен обрт од 19,4 милијарди евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според овие податоци, сите 55.203 деловни субјекти минатата година направиле вкупни приходи од 19,4 милијарди евра, што е за 6,4 % поголем обрт од претходната 2016 година.

Колку е мала македонската економија покажува податокот дека од овие 19,4 милијарди дури 52% ги прават најголемите 200 компании во земјава. Сите останати 55 илјади фирми имаат вкупен обрт од 9,2 милијарди евра.
Големите фирми со над 250 вработени лани имале вкупен обрт од 6,6 милијарди евра, а малите фирми со 10 вработени имале обрт од 4,3 милијарди евра.

Ако се гледа по индустрии најголема е трговијата на големо и мало која лани имала обрт од 8 милијарди евра, што е 41,6% од вкупниот обрт на целата економија. Во трговијата на големо и мало работат 22.240 фирми со 99 илјади вработени.

Следи преработувачката индустрија со обрт од 5,2 милијарди евра, или 26,9% од обртот на целата економија. Во оваа индустрија работат близу 7.376 фирми со вкупно 119.323 вработени. Трета најголема индустрија е градежништвото кое лани имало обрт од 1,4 милијарди евра или 7,2% од вкупниот обрт кој лани го направиле сите деловни субјекти во земјава. Во градежништвото работат 4.470 фирми со 32.204 вработени.

Вкупната додадена вредност кој ја создала македонската економија минатата година изнесува 4,2 милијарди евраи најголем дел или 26,6% е создадена во преработувачката индустрија, 23,5% е учеството на трговијата на големо и мало, а 10,3% е учеството на градежната индустрија.

Во сите фирми во Македонија на крајот на 2017 година биле вработени околу 386 илјади лица. Преработувачката индустрија е индустрија која најмногу вработува во Македонија. Статистичките податоци покажуваат дека во преработувачката индустрија лани работела 119.323 лица, што е близу 31% од вкупниот број вработени во корпоративниот сектор во земјава.
Трговијата на големо и мало е втор најголем вработувач каде на крајот на 2017 година работела 99.073 вработени, додека градежништвото со 32.204 вработени е трет најголем вработувач во Македонија.

Ако се гледа големината на фирмите, најголем дел од фирмите во Македонија се микро фирмите или од вкупниот број на фирми 90% се микро фирми, а речиси половина од нив работат во трговијата. Овие фирми каде работат 31,9% од вкупно вработените лани создале 20,8% од вкупната додадена вредност во македонската економија.
Од друга страна, големите фирми какви што се само 0,3% од фирмите во Македонија вработуваат 25,2 % од вкупниот број на вработени и лани создале најголем дел или 36,3% од вкупната додадена вредност во економијата.

Иако домашниот корпоративен сектор во 2017 година покажува подобри остварувања, и покрај нестабилното домашно политичко опкружување, податоците покажуваат дека повеќе од една третина од вкупниот број субјекти во корпоративниот сектор во 2017 година работеа со загуба.

Најлоши резултати има токму кај микро фирмите, кои се најбројни, кои веќе неколку години по ред покажуваат пад на економската активност и работат со загуба.

Ако се гледа пак според индустријата, градежништвото бележи најголеми влошувања на профитабилноста, но и покрај тоа останува еден од најпрофитабилните и истовремено најзадолжените сектори во македонската економија.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×