Цената на акциите на Twitter паѓа, а бројот на корисници стагнира
Објавено на од во луѓе и компании

Иако приходите на Twitter во минатото тримесечје  пораснаа за 48% на годишно ниво, на 710 милиони долари, цената на акциите на оваа социјална мрежа во средата падна оти бројот на корисници стагнира. Моменталната вредност на една акција е нешто под 15 долари, пренесуваат светските медиуми.

Според податоците објавени вчера, загубите на Twitter се намалени на 90 милиони долари, додека година дена претходно тие изнесуваа 125 милиони долари.

Twitter_logo_blueИ покрај силниот раст на приходите и намалување на загубите, цената на акциите на Twitter падна речиси за 10% на Wall Street веднаш после објавата на резултатите , со цел загубата подоцна да биде ублажена на околу 2%.

Инвеститорите се загрижени за стагнацијата на корисниците. Во минатото тримесечје имаше 305 милиони корисници. Тоа е прв пат во историјата бројот на корисници да не порасне на квартално ниво.

Twitter, која на корисниците им овозможува испраќање пораки од 140 знаци, е една од најпознатите социјални мрежи во светот, а ја користат дури и политичари, многу познати ѕвезди од филмската и музичката сцена, многу активисти…

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×