Цената на нафтата минатата недела зголемена за 6%
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Цената на нафтата на светските пазари се зголеми за околу шест проценти минатата недела.
буреТоа е резултат на нападот со беспилотни летала врз најголемата нафтена постројка на Саудиска Арабија, при што производството беше намалено за повеќе од 5 милиони барели на ден, или пет проценти од глобалното производство.
На лондонскиот пазар цената на барел се зголеми за 6,7 проценти минатата недела на 64,30 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 5,9 проценти на 58,10 долари. Тоа е најголем неделен скок на цените од јануари годинава.
Претходно минатата недела, цените на нафтата скокнаа повеќе од 20 проценти во услови на стравувања од остар пад на снабдувањето со нафта по нападите врз два саудиски погона на 14 септември, како и геополитичките тензии предизвикани од нападите.
Подоцна, цените на нафтата се намалија бидејќи Саудиска Арабија соопшти дека ќе го продолжи производството во оштетените постројки до крајот на месецот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×