Цената на нафтата на светските берзи се зголеми за 13,8%
Објавено на од во Економија
Цената на фјучерсите на нафтенатата марка Брент при отворањето на берзата ИСЕ во Лондон се зголеми за 13,86 проценти на 69,91 долари за барел, јавија светските медиуми.
Oil-Reuters-2-3Во првите минути, цената на нафтата достигна плафон од 71,95 долари за барел. Последен пат цената на нафтата беше на ниво од 71 долар во мај 2019 година.
Цените на нафтата растат после извештаите за напади со дронови на нафтени постројки во Саудиска Арабија.
Според „Волстрит џурнал“, саудиските власти очекуваат националната нафтена компанија Сауди Арамко до вечер да го продолжи производството на нафта за една третина. Според весникот, нападите го намалија производството на нафта за 5,7 милиони барели на ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×