Цената на златото скокна до рекордни нивоа поради стравот од Брегзит
Објавено на од во Економија
Златото се искачи на рекордно високо ниво во понеделникот, поттикнато од стравот од Брегзит без договор и потребата од финаниска сигурност по зголемувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина, пишува Ројтерс.
злато берзаЦената на златото во британската валута се зголеми на 25% од почетокот на мај, достигнувајќи 1,209,55 фунти за унца, уривајќи го претходниот рекорд од 1,204,63 фунти поставен во 2011 година.
Вредноста на златото се искачи  како загриженост во врска со трговските војни и глобалното економско забавување кое се влече низ финансиските пазари.
Овие стравови ги натераа инвеститорите да гонасочат своето внимание кон средства за кои мислат дека можат да обезбедат сигурност, по шокот кој ги погоди пазарите и ги принудија централните банки да ги замрзнат или намалат каматните стапки, да ги намалат приносите на обврзниците и да го направат попривлечно златото.
Цените во однос на американските долари достигнаа 15%, со што надмина 1.450 американски долари за унца, достигнувајќи рекордни нивоа во повече светски валути, вклучувајќи ги канадските и австралиските долари и рупијата на Индија.
Во Британија, 10-годишните приноси на обврзници потонаа за да за да се најдат на најниските нивоа, што може да продолжи доколку, како што очекуваат инвеститорите, Банката на Англија ги намали стапките во наредните месеци.
Фунтата, исто така, падна на најниско ниво од почетокот на 2017 година во однос на доларот, што помогна да се зголеми цената на златото.
Зголемената можност за турбулентен излез на Велика Британија од ЕУ, која ја зафати фунтата, исто така, предизвика бран на купување злато што помогна да се зголемат цените на златото насекаде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×