Цените на гасот во Европа продолжуваат да паѓаат
Објавено на од во Економија
Во исто време, зголемувањето на глобалното снабдување може да доведе до недостаток на капацитети за складирање.
лнгПродолжениот пад на цените на гасот во Европа, покрај тоа што е штетно за енергетските компании и поволно за купувачите, би можел да се засили поради ниската побарувачка на ресурсот во текот на летото, објави Ројтерс. Покрај зголемената глобална понуда, ова може да доведе и до недостстаток на капацитетите за складирање на гас.
Цените на природниот гас во Велика Британија и Холандија, кои се еден вид индикатор за продажба на гас низ цела Европа, се намалија на половина во споредба со минатиот септември.
Тие достигнаа десетгодишно дно во јуни, како резултат на повисоките пратки од Русија и САД. Цените на гасот имаат тенденција да паѓаат во текот на летото, но оваа година намалувањето е некарактеристично бидејќи започна во зимските месеци, кога цените традиционално се зголемуваат и беше проследено со зголемување на залихите.
Загриженоста, односно можноста за исрпување на европските капацитети за складирање на гас до крајот на летото се зголемуваат, а со тоа ќе се намалат цените на суровините уште повеќе.
Местата за складирање во некои клучни центри во Холандија и Австрија се веќе со над 95% искористеност, според податоците на „Refinitiv“.
„Не очекуваме големо закрепнување на цените во третиот квартал од оваа година бидејќи складовите ќе продолжат да се полнат.Всушност, цените може повторно да паднат кон крајот на летото“, рече аналитичарот на HSBC, Ким Фустиер.
Во четвртокот, цените на бензинот во Велика Британија и Холандија скокнаа, како што тоа го сторија на почетокот на јули, делумно поради тоа што пазарот се подготвува за новиот месец и планирањето на одржувањето. Иако пратките ќе бидат намалени во август заради планираните прекини, стравувањата дека намалувањето нема да биде компензирано од малата побарувачка во текот на летото, како и стравувањата од стартот на работа на двата нови американски терминали за извоз на LNG на САД, остануваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×