Цените на нафтата ќе продолжат да паѓаат. Кој добива, кој губи?
Објавено на од во Економија

Поевтинувањето на нафтата дефинитиво ќе ги намали трошоците за енергенси на земјите увознички на енергенси. Но, ниските цени на нафтата за енкои земји, посебно за Русија, која половина од буџетот го полни со приходи од извоз на нафта, имаат поголем ефекти од било какви санкции што Западот ги воведува против неа во изминативе неколку месеци.

Цените на нафтата се на неколкугодишен минимум. И според прогнозите тие ќе продолжат да се намалуваат и во следната година. Иако според економските логики ниската цена би требало да ја зголеми потрошувачката на нафта, овој пат не може да се смета на тој ефект. Бидејќи светската економија има многу мал раст.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) прогнозира дека цените на нафтата ќе продолжат да се намалуваат и во 2015 година. Според нивната најнова анализа, последните намалување на цената на нафтата се предизвикани од фактори и на страната на понудата и на страната на побрувачката.

Цените на нафтата на светските берзите се на неколкугодишен минимум. Барел од американската лесна нафта за испорака во ноември поефтини на 82,5 долари, што е најниска цена од 2012 година. Цената на барел нафта брент падна на 86,18 долари за барел што е најниско ниво во изминатите четири години.

На намалувањето на цената влијаат зголемената понуда на енергенси, како и намалувањето на цените кај големите производители како што е Саудиска Арабија.

Прогнозите на ИЕА се дека во 2015 година потрошувачката на нафта ќе достигне 93,5 милиони барели на ден. И покрај тоа што се очекуваше дека намалените цени на нафтата ќе ја зголемат потрошувачка, тој ефект се уште изостанува заради слабиот раст на економијата во повеќето држави. Истовремено понудата на нафта во септември се зголемило за 910 илајди барели на ден, најмногу заради зголеменото производство на земјите членки на ОПЕК.

Во светската јавност веќе се јавуваат две објаснувања за тоа зошто паѓа цената на нафтата, кои слободно можат да се наречат теории на заговор, а за кои пишуваше и угледниот Фајненшл тајмс. Првото сценарио е дека Арабијците се договориле со САД да играат против рускиот претседател Владимир Путин, со оглед на фактот што извозот на нафта обезбедува половина од приходите во рускиот буџет. Бидејќи со ниската цена на нафтата се врзани и приходите од гасот, тогаш ударот е врз две третини од приходите во рускиот буџет. Втората теорија е дека всушност Саудиска Арабија игра против САД за го направи нерентабилен извозот на северно американската нафта од нетрадиционални извори, кој станува нерентабилен при цена од над 80 долари за барел.

Неодамна Владимир Путин предупреди дека ако цената на нафтата падне под 80 долари за барел ќе се случи крах на светската економија.

На 27 ноември е закажан состанок на ОПЕК, меѓународната организација на најголемите земји производители и извозници на нафта на кој треба да се донесе одлука какви мерки ќе бидат превземени за да се спречи понатамошниот пад на цените.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×