Цените на нафтата на највисоко ниво од ноември 2014 година
Објавено на од во Економија

oil-price-cartoonЦените на нафтата вчера пораснаа на највисоко ниво од ноември 2014 година, поттикнати од намалувањето на производството од страна на ОПЕК, од поголемата побарувачка и од можното воведување на американски санкции кон Иран.

На лондонскиот пазар цената на барелот расте шести ден по ред и тоа за 37 центи, на 75,08 долари за барел. На американскиот пазар барел нафта се тргуваше по 51 цент повисока цена, или по цена од 69,15 долари за барел нафта.

Цената на нафтата на лондонскиот пазар е на највисоко ниво од ноември 2014 година, кога членките на ОПЕК се откажаа од намалувањето на производството на нафта како поддршка за цените на нафтата. Тоа предизвика борба за пазарен удел и доведе до намалување на цените за барел нафта на 27 долари на почетокот на 2016 година.
Цените на нафтата повторно почнаа да се опоравуваат во текот на 2016 година кога ОПЕК со помош на Русија и другите производители надвор од картелот договори намалување на производството на нафта.

САД треба до 12 мај да одлучат дали ќе го прекинат нуклеарниот договор со Иран и повторно ќе воведат санкции кон оваа земја, која е трет најголем извозник на нафта во рамки на ОПЕК, што би ја намалило светската понуда на нафта.
Аналитичарите сметаат дека нови санкции кон Иран би можеле да ја поскапат нафтата и до 5 долари за барел. Овие предизвици околу цената на нафтата се појавуваат во време на најголема побарувачка во Азија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×