Цените на нафтата паднаа за повеќе од 2%
Објавено на од во Економија
Во светот, цените на суровата нафта паднаа за повеќе од 2% минатата недела, бидејќи производството на црно злато во САД достигна нови рекордни нивоа, но и намалувањето на производството на ОПЕК, Венецуела и Иран го спречува дополнителниот пад на цените.
naftabusotina1200-123rfНа пазарот во Лондон, барел минатата недела се намали за 2,6 отсто на 70,85 долари, додека американскиот пазар за барел падна за 3% на 61,94 долари.
Откако неколку недели забележаа тренд на поскапување, цените на суровата нафта паднаа минатата недела, бидејќи инвеститорите беа загрижени поради намалената побарувачка во САД откако беше објавено дека акциите на “црното злато” од минатата недела драстично се зголемија и достигнаа највисоки нивоа од септември 2017 година.
Рекордно производство во САД
Покрај тоа, производството во САД минатата недела достигна нов рекорд, 12,3 милиони барели дневно, што е наголемото ниво на производство на нафта на една земја во светот.
Тоа е причината зошто извозот на САД исто така се зголеми. Во ноември, извозот на нафта првпат продрел над 3 милиони барели на ден, за да достигне 3,6 милиони на почетокот на годината.
Исто така, цените на нафтата се под притисок поради забавувањето на растот на некои од најголемите светски економии, што може да доведе до пад на побарувачката за нафта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×