Цените на нафтата се зголемуваат, нешто се “готви” на Блискиот Исток?
Објавено на од во Економија
Нафтениот картел ОПЕК трета година ја одржува политиката на намалување на производството со цел да се одржи притисокот врз растот на цените, но следната година се предвидува вишок во понудата, така што сериозните аналитичари истакнуваат дека ОПЕК не успеа во своето дејствување.
бусотинаЦените на нафтата според индексот на бруто сурова нафта веќе се одржуваат на ниво над 67 долари за барел. Иако светските аналитичари тврдат дека тоа е реакција на затворањето на нафтените платформи во Мексиканскиот Залив во пресрет на тропска бура, вистинската причина за нервозата лежи во фактот што нешто повторно се готви на Блискиот Исток.
Меѓутоа, ако се земе предвид дека во земјите на ОПЕК предвидуваа цени од 70 долари за барел, како резултат на нивните активности и тоа во време кога суровата нафта изнесуваше едвај 40 долари за барел не може да се рече дека иницијативата не даде резултати, туку само очекуваниот резултат пристигна подоцна од очекуваното.
Растот на цената на нафтата влијае на целата економија, со оглед дека директно ја формир цената на горивата, а индиректно и цените на производството и производите во продажба, поради трошоците за превоз. Нафтата од типот Брент, на берзата во Лондон до крајот на тргувањето во петокот одржа цена од 67 долари за барел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×