Цените на нафтата за половина година скокнаа за повеќе од 20%
Објавено на од во Економија
На светските берзи, цените на нафтата се зголемија минатата недела, вторпат за две недели за првите шест месеци од оваа година се зголемени за повеќе од 20%.
капкаЦената по барел нафта во Лондон порасна за 2,1% на 66,55 долари минатата недела, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,7 проценти на 58,50 американски долари.
Во текот на првата половина од годината цената по барел нафта на пазарот во Лондон порасна повеќе од 20, а во САД повеќе од 25%.
Членовите на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и група независни производители, вклучувајќи ја и Русија, ќе се состанат на 1 и 2 јули во Виена за да одлучат дали ќе продолжат да го ограничуваат производството во втората половина од годината.
Од почетокот на годината, „ОПЕК плус“ го ограничи производството на 1,2 милиони барели дневно, а договорот истече последниот ден од јуни.
Од друга страна, производството во САД продолжува да се движи околу највисоките нивоа во историјата, околу 12,3 милиони барели дневно. Се проценува дека во четвртиот квартал би можело да достигне 13 милиони барели дневно, со што САД уште повеќе ја зацврстуваат позицијата на водечкиот светски производител на нафта, пред Саудиска Арабија и Русија.
На овој начин, САД ги поткопуваат напорите на ОПЕК за намалување на производството на нафта преку намалување на производството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×