Централен ден на Самитот за Западен Балкан днеска во Познањ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во Познањ денеска во рамки на самитот на земјите од Западен Балкан ќе биде одржан централниот настан – состанокот на шефовите на држави или влади на кој треба да биде објавено идното заедничко претседавање на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес за поддршка на регионалната соработка и евроинтеграциите.
познан„На Самитот за Западен Балкан во Познањ, на заедничка прес-конференција на премиерот Заев со премиерот на Полска Матеуш Моравјецки, со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел, и со претседателот на Владата на Бугарија Бојко Борисов, кој ќе се одржи во 15 часот, ќе биде објавено дека Република Северна Македонија и Република Бугарија заеднички ќе претседаваат со Берлинскиот процес во наредните 12 месеци. Претседавањето на Северна Македонија и Бугарија ќе финализира во јули 2020 година со годишниот самит кој заеднички ќе биде организиран во Софија и Скопје“, информираат од владината прес-служба.
Потенцираат дека од почетокот на оваа иницијатива, прв пат се случува една земја членка од Западен Балкан, кандидат за членство во ЕУ, како што е Северна Македонија, да копретседава со Берлинскиот процес и заедно со Бугарија, земја членка, да ги организира и координира проектите за поддршка на регионалната соработка и евроинтеграциите на Западен Балкан.
Програмата за шефови на држави и влади на Самитот за Западен Балкан денеска почнува со официјалниот пречек од полскиот премиер Матеуш Моравјецки на шефовите на делегациите на земјите од Западен Балкан, како и канцеларката Ангела Меркел и членовите на владината делегација на СР Германија која е покровител на иницијативата Берлински процес.
На централната пленарна сесија на самитот, гостите од регионот ќе ги поздрави и претседателот на Полска Анджеј Дуда.
Премиерот Заев ќе учествува во сите работни сесии на Самитот и ќе има обраќања на работниот ручек, како и на пленарната сесија.
Агендата на Самитот на Берлински процес во Познањ е заснована на политичката и економската димензија. Главни области на соработка се транспортното и енергетското поврзување на Регионот, економската интеграција, бизнис секторот, соработката меѓу младите, третманот на билатералните и други отворени политички прашања од минатото на Регионот, но и глобални безбедносни и миграциски предизвици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×