Централната банка лани успешно ги оствари целите на монетарната политика
Објавено на од во Економија
На седницата, како што стои во соопштението, со сето ова, Народната банка во континуитет дава придонес за одржување поволен амбиент за активноста во економијата.
nbrmСоветот на Народната банка денеска одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај за 2018 година.
Притоа е нагласено дека и во изминатата година, централната банка успешно ги оствари целите на монетарната политика за одржување на ценовната стабилност, преку задржување на стабилноста на девизниот курс на денарот кон еврото и обезбеди натамошно зајакнување на финансиската стабилност, соопштуваат од Народната банка.
Во усвоениот извештај е забележано дека амбиентот во кој е спроведувана монетарната политика во 2018 година е значително поповолен од оној во 2017 година. Според показателите за економската aктивност, таа закрепнува, инфлацијата се задржува на ниско и стабилно ниво, кредитните текови и натаму солидно растат, а растот на депозитите е забрзан, при поволни промени во структурата на штедењето од валутен и рочен аспект, што упатува на подобрување на очекувањата на економските субјекти и зајакнување на довербата во домашната валута. -Довербата на субјектите и здравите основи на економијата придонесоа и за одржување на поволна надворешна позиција, со низок дефицит во тековната сметка и значајни текови кај странските инвестиции, при што во текот на годината на девизниот пазар, Народната банка интервенира само на страната на откуп на девизи. Притоа, е остварен највисок откуп на девизи во последните 10 години и следствено, е забележан висок пораст на девизните резерви, што се одржуваа на соодветното ниво, наведуваат во соопштението.
Во услови на отсуство на инфлациски притисоци, солидна надворешна позиција, поволни движења во банкарскиот сектор и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, минатата година, како што стои, Народната банка продолжи со постепеното олабавување на монетарната политика, со намалувањето на референтната каматна стапка во три наврати за вкупно 0,75 процентни поени.
Усвоениот годишен извештај содржи осврт и на останатите активности на Народната банка.
На седницата е искажана цврста решеност унапредувањето на централнобанкарското работење во земјава да продолжи, за што во програмата на Народната банка за оваа година се предвидени голем број активности и проекти, од кои некои веќе се започнати.
Советот го разгледа и го усвои и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на земјава во 2018 година. Притоа, е нагласено дека минатата година, активноста на домашниот банкарски систем значително забрза во услови на прудентно управување со ризиците, што придонесе и за подобрување и на профилот на ризик на банките. Во дискусијата беше подвлечено дека, минатата година, остварувањето на кредитниот ризик мерено преку трендот на нефункционалните кредити се намали, а намалување забележа и учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансиските субјекти, што се спушти до нивото од 5,2 отсто.
При разгледување на Извештајот е нагласено дека изминатата година, повеќето показатели за ликвидноста на банкарскиот систем забележаа подобрување, во услови на солиден годишен раст на ликвидните средства на банките. На овој раст отпаѓаат малку повеќе од 40 отсто од вкупниот раст на активата на системот. Директните изложености на банкарскиот систем на валутен ризик и ризикот од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарски активности се мали.
Во однос на подобрената профитабилност на банкарскиот систем, на седницата е истакнато дека во услови на годишен пад на нето каматните приходи, таа главно се должи на пониските трошоци за исправка на вредноста, како ефект од активностите на банките за наплата на нефункционалните кредити. Стапките на поврат на просечната актива и просечниот капитал и резерви достигнаа солидни нивоа, од 1,7 отсто и 16 отсто, соодветно. Доколку се изземат овие еднократни ефекти, профитабилноста на банкарскиот систем во 2018 година е многу блиску до нивото остварено во 2017 година, наведуваат од Народната банка.
Оценуваат дека стабилната и задоволителна солвентност на банкарскиот систем минатата година дополнително зајакна. Стапката на адекватност на капиталот изнесува 16,5 отсто, додека соодносот меѓу најквалитетниот слој од сопствените средства на банкарскиот систем и активата пондерирана според ризиците изнесува 15 отсто, што и во двата случаја е повеќе отколку во 2017 година. На агрегирано ниво, на крајот на 2018 година, банкарскиот систем располагаше со „слободен“ капитал над утврдениот регулаторен и супервизорски минимум, чиешто учество изнесува 8,6 отсто од вкупните сопствени средства.
Во рамките на дискусијата за Извештајот е нагласено дека преминот во втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација склучена меѓу земјава и Европските заедници и нивните земји членки, несомнено, носи промени во деловното окружување на домашните банки, од што се очекува дека ќе го зголемат степенот на интеграција на домашниот со глобалниот финансиски систем. Во натамошниот период тие би требало да имаат збогатена понуда на производи и услуги за своите клиенти. Беше истакнато и дека надоаѓањето на финтек-активностите и најавеното донесување на Законот за платежни услуги и платни системи преставуваат предизвици пред кои ќе бидат исправени домашните банки во наредниот период.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×