Централната банка на Кина: Ризиците за глобалната економија се зголемуваат
Објавено на од во Економија
Шефот на централната банка на Кина денеска предупреди за зголемените ризици за глобалната економија, објави ДПА.
cb kinaНа прес-конференцијата на маргините на годишната седница на кинескиот парламент, И Ган рече дека ризиците вклучуваат “многу турбулентна светска економија”. Тој, исто така, ја нагласи континуираната трговска војна меѓу САД и Кина, како и опасностите во самиот кинески економски систем.
Во врска со тековните американско-кинески преговори со цел да се стави крај на војната, И рече дека двете земји постигнаа консензус за важни прашања, како што се девизниот курс. Тој рече дека двете страни се согласија да не ги обезценуваат своите валути во обид да добијат предност во конфликтот.
САД ја обвинија Кина дека намерно ја девалвира својата валута за да даде предност на својот извоз, објави БТА.
И Ган рече дека Кина вложува напори за поддршка на својата валута и нема да ја девалвира, дополни Франс Прес.
“Дозволете ми да истакнам дека нема да го користиме девизниот курс за цели на конкуренција, нема да го користиме девизниот курс за зголемување на кинескиот извоз или како алатка во трката на трговијата”, рече тој. “Бевме посветени да не го правиме тоа”, додаде тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×