Ципрас: Договорот од Преспа е удар во ножот на национализмот и квази патриотизмот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
„И по ризик на парламентарното мнозинство пред почетокот на изборниот циклус,и пред евроизборите, без разлика на цената, изгласавме многу тежок, но исто толку неопходен за земјата, но и за целиот Балкан, договор“.
Cipras fotoДоговорот од Преспа беше тежок договор, бидејќи удри по ножот на национализмот и квази патриотизмот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот посветен на иднината на Европа, на потребата да се формира прогресивен блок пред евроизборите во борбата со национализмот и радикалната десница, на крајот од еднодневната конференција под наслов  „Просперитет за сите во една одржлива Европа”, организирана од Групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите од Европскиот парламент, претставништво на фондацијата Фридрих Еберт во Грција и Институтот за истражување и политичка стратегија, јави дописничката на МИА од Атина.
„Пред еден месец во грчкиот Парламент изгласавме еден многу, многу тежок, но исто толку неопходен за земјата, но и за целиот Балкан, можеби симболично, и за Европа, важен договор. Договорот од Преспа. Тоа беше тежок договор, бидејќи беше удар во ножот на национализмот и квази патриотизмот. Некои рекоа дека немавме никаква причина да ја преземеме оваа одговорност. Дека немавме никаква причина да ја преземеме оваа одговорност и оваа цена, политичката цена. Во клучен момент го ризикувавме парламентарното мнозинство. Ризикувавме и тоа кусо пред почетокот на изборниот циклус, кусо пред евроизборите, без разлика на цената“, рече Ципрас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×