Ципрас: Договорот од Преспа може да биде меѓународен модел за решавање на споровите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

European leaders meeting at EU Council in Brussels“Договорот од Преспа, според мое мислење, може да биде меѓународен модел за решавање на разликите на заемно прифатлив начин. Еден модел за многу измачениот регион на Балканот. Тоа е договор што ја истакнува Грција, што ги заштитува нејзините интереси и права, без да се крие, туку ја гледа вo очи иднината и можностите што ги има пред неа, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на третиот „Thessaloniki summit”, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер се задржа на можностите што Договорот од Преспа ги отвара во однос на економијата.

“На пример одлуката што набргу ќе ја донесеме и ќе можеме да ја донесеме веднаш по ратификацијата на договорот од грчкиот Pарламент, а се однесува на железничко поврзување на Атина, односно Пиреа – Солун – Скопје – Белград, еден модерен и брз воз што ќе пренесува стоки, но и граѓани. Многу важен проект за регионот. Исто така и проектите што ќе се реализираат врз база на мерките за градење доверба. Одлуката на ЕБРД e да финансира прекугранични инфраструктурни проекти и поврзување за да се поддржи Договорот од Преспа и да се финансираат овие проектa”, рече грчкиот премиер во неговото обраќање на самитот.

Во организација на Федерацијата на индустрии од Северна Грција, од вчера, во Солун започна третиот „Thessaloniki summit” кој оваа година е под наслов „Европската перспектива, поврзаноста, индустрискиот развој и соработката на Западен Балкан”./МИА.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×