Ципрас: Доста беа уцени, одиме на референдум!
Објавено на од во Политика
На референдумот што премиерот Алексис Ципрас го закажа за 5 јули,  Грците ќе одлучат дали ќе ги прифатат условите на меѓународните кредитори - зголемување на даноците и намалување на пензиите во вкупна вредност од 8 милијарди евра, за земјата да добие нова транша од финансиска помош.

 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека во Грција на 5 јули ќе биде одржан референдум за тоа дали Грција треба да го прифати или отфрли предлогот на меѓународните кредитори.

 После пет месеци тешки преговори, нашите партнери, за жал, изнесоа предлог кој што е ултиматум за грчката демократија и грчкиот народ. Ултиматум кој што е спротивен на основните принципи и вредности на Европа“, рече Ципрас обраќајќи и се на нацијата преку државната телевизија, наведува Ројтерс.

Ципрас ова го изјави само неколку часа по враќањето од Брисел каде што европските кредитори и Меѓународниот монетарен фонд на Грција и понудија спогодба која што грчката влада ја отфрли како неприкладна.

Ципрас,  заради одржувањето на референдумот,  побарал  продолжување за неколку дена на рокот за враќање на долгот кој што истекува на 30 јуни.

На референдумот Грците ќе одлучат дали ќе ги прифатат условите што ги нудат кредиторите – ММФ, ЕУ и Европската централна банка, односно дали ќе се согласат на зголемување на даноците и намалување на пензиите во вкупна вредност од 8 милијарди евра, за кредиторите да пуштат нова транша од помош за грчката економија.

Доколку Грците гласаат против предлогот, Грција најверојатно ќе излезе од еврозоната, пренесува Би-Би-Си.

Според предлогот на кредиторите, чии што детали вчера протекоа во јавноста, доверителите и предложиле на Грција продолжување од пет месеци на финансиската помош во чии што рамки е  и пакетот помош од 12 милијарди долари кој би бил исплатен во четири дела, до ноември.

Грчката влада ги потврди деталите од тој документ наведувајќи дека предлогот предвидува итна исплата на 1,8 милијарди евра, но и владини мерки што собранието би требало да ги изгласа, за земјата да избегне банкрот во вторник, 30 јуни, кога треба да плати рата од долгот кон ММФ од 1,5 милијарди евра. Остатокот од 12 милијарди евра би се исплаќал во зависност од спроведувањето на реформите во Грција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×