Ципрас: Грчкото претприемништвото може да игра водечка улога во економскиот развој на Северна Македонија
Објавено на од во Економија
Во бизнис делегацијата што ќе го придружува Алексис Ципрас за време на посетата на Северна Македонија, според грчката новинска агенција АНА-МПА, како што вчера објави МИА, ќе бидат вклучени над 70 големи и средни грчки компании.
Aleksis CiprasГрчкото претприемништвото има можност да игра водечка улога во економскиот развој на Северна Македонија поради важниот и позитивен моментум што го создаде Договорот за Преспа, рекол грчкиот премиер Алексис Ципрас, за време на состанокот во Солун со околу 40 бизнисмени од Северна Грција на тема „Развојните перспективи на бизнисите од Северна Грција по Договорот од Преспа“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според истите информации Ципрас ги повикал грчките бизнисмени да ги искористат можностите создадени со договорот и им рекол дека владата со своите иницијативи ќе создаде соодветни предуслови. Во однос на реакциите за решението меѓу двете земји, грчкиот премиер ја нагласил потребата сите страни да функционираат врз основа на националниот интерес.
На состанокот присутни биле и заменик министерката за Македонија и Тракија Елефтерија Хаѕигеоргиу и директорот на канцеларијата за финансии на премиерот Јоргос Ципрас, а средбата одржана во Солун, беше во пресрет на посетата на грчкиот премиер на Скопје, веројатно во вторник на 2 април, јави дописничката на МИА од Атина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×