Ципрас: Грција прв пат толку решително се обидува да го реши спорот за името
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Cipras JunkerГрција по прв пат на толку решителен начин се обидува да најде заемено прифатливо решение за прашањето за името со гаранции дека ќе има конечно решение, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас на прес-конференцијата во премиерската палата, рече дека со Јункер не разговарале само за економијата туку и за регионалните и меѓународните случувања, но и за Западен Балкан.
Говорејќи за улогата на Грција во ЕУ и регионот, грчкиот премиер рече дека земјата покажа во последните години дека треба да игра централна улога во обидот Европската унија во иднина да ја надгради нејзината меѓународна и регионална улога како сила на мир, стабилност и безбедност.
Грција, според Ципрас, ова го покажала преку справувањето со бегалскиот проблем и провокациите од Турција во Егејското море, со обидите за решавање на кипарското прашање, со градењето иницијативи во регионот за европската перспектива на Западен Балкан, но и со напорите за решавање на спорот со името.

“Ова го покажуваме обидувајќи се, по прв пат, на толку решителен начин да најдеме заемно прифатливо решение во прашањето со името на поранешната југословенска Република Македонија со гаранции дека ова прашање ќе има конечно решение”, рече грчкиот премиер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×