Ципрас: Името да се реши во рамките на ОН
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Разликите што ги имаме треба да се решаваат со почитување на меѓународното право, во рамките на Обединетите нации и Грција тој став нема да го промени, изјавил вчера грчкиот премиер Алексис Ципрас кој присуствуваше на ЕУ самитот во Брисел, пренесува Мета.

Имeно, на прес-конференцијата на Ципрас по неформалниот состанок на шефовите на држави и на влади, на прашањето „дали Грција мисли да преземе нешто за да ги деблокира односите со северниот сосед и а да преземе чекори во врска со прашањето на името“, Ципрас возвратил:

Нашиот став е дека треба да имаме суштински врски и соработка со сите наши соседи и така ќе правиме и понатаму, имајќи предвид дека сите разлики треба да се решаваат со почитување на меѓународното право и во рамките на ООН. Така ќе правиме и во врска со разликите што ги имаме со нашиот сосед БЈРМ. Ова е наш стар став и нема да го промениме“,  рече Ципрас.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×