Ципрас пред пратениците зборуваше и за македонското прашање во Егејска Македонија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во синоќешниот речиси двочасовен говор во грчкиот Парламент, посветен на Догoворот од Преспа за првпат ва политичкиот живот во соседна Грција ги спомна егејските Македонци, нивниот прогон , борбата на македонските комунисти, но и го употребуваше терминот-Славомакедонци.

Alexis Tsipras; discussion; Hellenic Parliament; plenary; plenary session; politics; The Prespes agreement; voting; Αλέξης Τσίπρας; Βουλή; Συμφωνία των Πρεσπών; ολομέλεια; ομιλία; ψήφιση;

,,Не сакам да ја критикувам КПГ врз основа на нејзината историја. Но ќе го споменам славомакедонскиот буквар што членовите на КПГ им го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци од ДАГ. Ќе ги спомнам и 70-те илјади бегалци од Граѓанската војна, на кои грчката држава им ја ускрати репатријацијата во 1983-та. Ќе ја споменам и Славомакедонката Мирка Гинова – комунист, која беше првата жртва на граѓанската војна во Грција. За ова ве оставам да си размислите самите со себе. Со тие грижи што ги носите на совест, Ве оставам сами да се соочите“, рече Ципрас.

Говорејќи за политичките позиции на Комунистичката партија на Грција, грчкиот премиер ги анализираше нивните аргументи зошто тие се против Договорот од Преспа: првиот е НАТО, вториот- иредентизмот. Рече дека па дури и да ги прифати нивните аргументи.

-Да речеме дека ќе ја прифатам целосно вашата анализа дека договорот е диктиран од Западот, од меѓународниот империјализам или не знам што друго може да замислите. Под овој меѓународен договор, земајќи ја предвид волјата на нашите соседи да влезат во НАТО, што секако е нивно прашање. Како КПГ смета дека грчката држава би можела и би требала да ја признае оваа земја? Како? Со кое име? Со кое име? Како ќе ги викаме овие луѓе Што велите? Ни велите дека терминот „Македонија“, самото нивно име е иредентизам. Или јас не го читав добро Ленин кога бев мал или вие нешто не правите како што треба, рече Ципрас во неговиот говор.

Во овој момент се наоѓаме еден чекор пред историски настан, рече грчкиот премиер во неговото обраќање во грчкиот Парламент и додаде дека по речиси 30 години неактивност и по една цела година исцрпни преговори, „доаѓаме до крајот на еден исцрпувачки процес”.

Алексис Ципрас во неговиот долг и опширен говор што траеше 70 минути детално го анализираше договорот од Преспа и придобивките за грчката страна, одговори на критиките од опозициската Нова демократија дека владата отстапила македонски јазик и македонска националност, а говорот го заврши со  пораката дека „е време за национална самодоверба и национална гордост, ова е историски ден”.

Во однос на тоа дали со договорот се признава државјанство или националност, Ципрас го повтори она што го спомена Катругалос на Комисијата за надворешна политика и одбрана.

-Државите признаваат држави. Не признаваат народи и да сакаше Коѕијас да им даде националност не можеше бидејќи меѓународен договор не може да признава националност, туку само државјанство, рече Ципрас,

Грчкиот премиер рече дека земјата со „овој договор ги добива назад историјата, симболите и античката грчка историја”, но и дека се става крај на иредентизмот.

Обраќајќи се до опозициската Нова демократија рече дека главниот проблем не е договорот, туку СИРИЗА, бидејќи СИРИЗА го донесе договорот. А на Мицотакис му порача дека му недостигаат храброст и смелост.

Грчкиот премиер, во неговиот 70-минутен говор на расправата за ратификацијата на Договорот од Преспа, упати критики и до останатите грчки партии кои што се против Договорот од Преспа.

Пратениците во грчкиот Парламент денеска во 14 и 30 ќе гласаат за ратификација на преспанскиот договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×