Ципрас: Прогресивните сили од двете земји ги надминаа разликите и создаваат надежна иднина
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

European leaders meeting at EU Council in BrusselsВерувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша Алексис Ципрас на Твитер, по состанокот на Европската социјалистичка партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на вчерашниот состанок во Брисел, една од темите на европските социјалисти, бил и Договорот од Преспа.

“Европските социјалисти со ентузијазам го поздравија Договорот со нашите северни соседи. Длабоко верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина”, напиша грчкиот премиер на неговиот официјален Твитер профил.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои информации објави дека на состанокот на Европската социјалистичка партија (ПЕС), Ципрас рекол дека минатата седмица била историска за Грција поради Договорот од Преспа и одлуката на еврогрупата за грчкиот долг.

“Ги затворивме сметките од минатото”, рече Ципрас во обраќањето на подготвителниот состанок на ПЕС.

Тој ги обвини претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис и лидерката на Движење за промена, дека имаат формирано „заеднички фронт на политичка хипокризија и националистички популизам“, објави АНА-МПА, додавајќи дека учесниците на состанокот ѝ честитале на грчката влада и рекле дека Договорот е „историско достигнување со кое се гордеат сите прогресивни сили во Европа“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×