Ципрас се попишмани. Грција останува во еврозоната
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ако Сириза победи на претстојните избори Грција ќе остане во еврозоната, но истовремено ќе се бори против мерките на штедење, изјави лидерот на грчката левичарска партија Алексис Ципрас.

“Како и да гледате, очигледно е дека прашањето на излегување на Грција од еврозоната едноставно не постои”, изјави Ципрас за грчкиот неделник Риалњуз.

Моментално на светските финансиски пазари постои страв и неизвесност од евентуална победа на Сириза на парламентарните избори кои се одржуваат на 25 јануари, заради тоа што Ципрас  до пред некое време се залагаше за излегување на Грција од еврозоната.

Меѓутоа, лидерот на Сириза сега порачува дека идејата за грчкото напуштање на еврозоната датира уште од 2012 година кога беше кулминацијата на финансиската криза во земјата, заради која Грција мораше да побара меѓународна финансиска помош од 240 милијарди евра.

“Климата е сега сосема поинаква. Единствена личност која зборуваа за можноста за излегување на Грција од еврозоната е премиерот Самарас, но таа можност секојдневно се негира дури и од највисоките европски политичари “,  дециден е Ципрас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×