Ципрас внесува нови правила за добивање ТВ лиценци
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Околностите за грчките телевизии наскоро ќе се променат, со тоа што бројни лиценци дадени за ТВ канали кои се емитуваат на национално ниво ќе се намалат на четири, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас, пренесуваат грчките телевизии.

Владата водена од Сириза сака да ги промени условите на владината телевизија уште кога дојде на власт во јануари 2015 година, но наиде на многу силна критика од конзервативната партија Неа Демократиа и социјалистите Пасок.

Alexis-TsiprasНо, се верува дека сега дојде времето Ципрас и неговата Сириза да го променат статусот на приватните телевизии во Грција.

Овој документ ќе биде презентиран во Парламентот утре, а во него се дефинирани процедурите за тоа како се добива ТВ лиценца.

Според државниот министер Никос Папас, конкурентна апликација за добивање на лиценца за телевизија ќе биде донесена во брза постапка.

Досегашниот пристап за доделување на ТВ лиценца покренуваше многу прашања за транспарентноста и другите начини како се добива лиценца, па останува да се види дали новата сцена за грчките телевизии наскоро ќе понуди поквалитетни критериуми за разлика од актуелните.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×