Ципрас во дводневна посета на Србија – во Белград грчко-српски бизнис форум
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е во днодневна посета на Србија. Според програмата на посетата, по свечениот дочек, премиерот на Србија, Александар Вучиќ, ќе има разговор со Ципрас. Потоа следува пленарен состанок на делегациите на Србија и на Грција, како и обраќања до медиумите на двајцата премиери. Попладне ќе се одржи Бизнис форум во организација на Стопанската комора на Србија.

Ова е прва посета на грчки премиер на Србија по седум години, а Ципрас беше во Белград во 2014 година, но како лидер на партијата Сириза.

Во пресрет на посетата Ципрас изјави дека Србија има клучна улога на поширокиот Балкан, и оти затоа е пожелно, пред сѐ поради стабилноста и развојот на регионот, да стане полноправна членка на европското семејство.

Според грчкиот премиер, ако Европската унија не може да создаде конкретна стратегија за Балканот, за источниот Медитеран и за поширокиот регион, тогаш не може да најде решение ниту за самата себе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×