Ципрас воведува данок за сите кои имаат имот вреден над 300 илјади евра
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Новата влада во Грција подготвува реформа во даночниот систем, со која ќе биде воведена посебна давачка за богатите, чиј имот надминува вредност од 300.000 евра.

Новиот систем би требало да ги зголеми државните приходи и истовремено да одговори на критиките упатени од европските партнери, во кои се наведува дека богатото население во Грција не плаќа даноци, пишува „Greek Reporter“.

Новата давачка ќе се пресметува врз основа на целиот имот на даночните обврзници и ќе ја замени единствената даночна такса. Овој данок ќе мора да го плати секој кој поседува имот во вредност од над 300.000 евра, а новата давачка ќе важи и за невработените лица кои наследиле недвижнини.

Според планот, ќе се зголеми и неоданочениот годишен приход до 16.000 евра за домаќинствата со две, односно до 19.000 евра за оние со три деца. Новата реформа предвидува и воведување на потрошувачки данок на луксуз за возилата, авионите, бродовите и хеликоптерите.

Намерата на владата во Атина е да воведе даночни олеснувања за граѓаните со ниски примања до 15.000 евра, кои понатаму ќе плаќаат помалку за комуналните услуги и недвижнините кои ги поседуваат.

Исто така, планот вклучува и намалување на даноците за основните прехранбени производи и обновливите извори на енергија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×