Ципрас-Вучиќ: Иднината на Балканот да се гради на почитување на меѓународното право
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој е во дводневна посета на Белград, изјави дека со неговиот домаќин, премиерот на Србија, Александар Вучиќ, заклучиле оти иднината на Балканот може да се гради само врз основа на меѓународното право, а не со неразумни дејства и непочитување на меѓународните договори.

„Заеднички истакнавме дека иднината на Балканот може да се гради само врз основа на меѓународното право, на меѓусебното почитување, дијалог и соработка, а не со кршење на правилата, не со интервенции, не со предизвикување и непочитување на меѓународното право, и неразумни дејства поврзани со непочитување на меѓународните договори“, изјави Ципрас на заедничка прес-конференција со Вучиќ.

Грчкиот премиер рече дека мирот и стабилноста на регионот зависат од одлучноста на Белград за континуитет на тешкиот, но неопходен дијалог со Приштина – односно, од заеднички прифатливите решенија за косовското прашање.

Ципрас укажа и на економската соработка меѓу Грција и Србија, потенцирајќи дека неговата држава е трет инвеститор во земјата каде престојува, и е многу важна дестинација за српските туристи.

Вучиќ соопшти дека напролет во Солун ќе се одржи заедничка седница на владите на двете земји, на која ќе бидат изготвени конкретни мерки за заедничка соработка и стабилност во регионот.

Како што рече српскиот премиер, економската соработка меѓу Србија и Грција во моментов изнесува 380 милиони евра, а целта е да се зголеми наредниве години.

Тој подвлече дека е важно да се изгради подобра железничка инфраструктура, а целта е до 2020 година од Будимпешта преку Белград до Солун да се стигнува за помалку од 30 часа со воз, а не за 49, колку што сега е потребно.

One thought on “Ципрас-Вучиќ: Иднината на Балканот да се гради на почитување на меѓународното право

  1. Ако Грчкиот премиер,Алексис Ципрас е навистина доследен кон почитувањето на меѓународното прво ,во кое,меѓу другото,е и неотуѓивото право на секој народ на самоопределување,втемелено во Повелбата на ООН,тогаш ќе мора да ја признае Македонија под нејзиното национално и уставно име.Како што сега стојат работите ,тој и неговата земја играат дволични политички игри и го кршат токму тоа Право на кое постојано се повикуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×