“Цивилизираниот“ човек на убивањето не гледа лично
Објавено на од во lifestyle

Фељтон: Агресијa – моќта на човечкиот  деструктивен нагон (3)

Капитал и Професор доктор Методи Чепреганов објавуваат серија текстови поврзани со агресијата. Според мислењето на еминентниот невропсихијатар токму сега е времето да се отвори оваа тема која е длабоко поврзана со сето она што ни се случува во современото македонско општество.

 

Пишуваат:

Проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар
Теодора Костовска, интернационален учител на Art of Living

.

За да ја објективизираме агресијата како појава и инструмент во нашето секојдневно постоење, ќе ги наброиме актуелните теории со кои се објаснува фактот и причините на  агресијата.
Најстарата теорија на Лоренц (Лоренз) наречена неоинстинктивизам, не убедува во фактот дека насилството произлегува од нашата животинска потреба, од нашиот  несовладлив нагон за агресивност, така што, законот на еволуцијата би требало да го прифатиме како објаснување за моќта на деструктивниот нагон. Дали со оваа теорија можеме да одговориме на многу актуелни прашања од нашиот, сегашен и секојдневен  живот и случувања, анализирајќи ја ирационалноста на социјалните системи  и кршењето на законите, забраните и табу-темите, криејќи се зад некои  возвишени зборови, од типот на “чест, сакање, одбрана на татковината“ и слично?

Современиот човек,  убивањето  луѓе го претвори во видео- игри, притискање на едно копче,неколку движења на џоистикот и – лошите момци се мртви! “Цивилизираниот“ човек на убивањето не гледа лично. “Дури и ако јас те убијам, јас не сум те убил“. Убив некоја точка на екранот,еден куп електрони. Не постои морално вреднување, ниту понесување лична одговорност. За жал  тоа е нашето секојдневие !

 

Cepreganov foto

Проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар

Спротивно на оваа теорија, бихевиористичкото  учење, не го интересираат субјективните фактори кои го тераaт лицето на едно одредено однесување и чувствување, туку важноста е во тоа како се однесува поединецот и кои се и какви се општествените и социјалните услови, кои го обликувaат таквото однесување.

Чекор понапред е необихевиористичкото учење на Скајнер (Скиннер), како најприфатена психолошка теорија во САД, според која човекот е социјално битие и неговиот модел на однесување, во голема мера, зависи од опкружувањето во кое се раѓа, развива, расте, учи, работи, постои; значи, во себе инкорпорира социјални, морални, етички  норми, во онаа мера до која се развиени.
Луѓето се  крајно рационално ориентирани, имаaт малку чувства и чувствата не се тие кои ги раководат, туку се крајно контролирани.

Секој човек во себе носи два, веќе споменати наполно различни видови агресивитет.Ќе се потрудиме да ги дообјасниме.

Првиот е дефанзивната или бенигната агресија, потребна за опстанок на единката и видот, агресија која човекот ја споделува со животните, уште наречена и филогенетски програмиран импулс за напад или бегство, одбрана во моментите кога се загрозени виталните интереси на животното, односно човекот. Таа е биолошки прилагодлива и ја снемува во моментот, кога ќе ја снема и нејзината причина, поради која била активирана. Оваа агресија е дел од човечката природа, одбраната ја нарекуваме  синдром на адаптација.

Втората е малигна, деструктивна или уште свирепа агресија, која е специфична исклучиво за човекот, која не е филогенетски програмирана и не е биолошки прилагодлива. Таа е ирационална, нема цел, задоволството е во добивката. Таа е биолошки штетна, нејзината главна манифестација е убивање и свирепост, потчинување  на другиот/другите и, што е најстрашно, како велат психолозите, степенот на деструктивност наместо да се намалува со зреењето на цивилизацискиот  ментум, тој расте во корелација со се’ поголемиот развиток и напредок на цивилизацијата. Апсурд кој  ја застрашува и ја прави ирационална иднината на светот!
Малигната агресија,  претставува вкоренет човечки потенцијал, во услови на човечката егзистенција.

Со цел да се изнајде некоја поврзаност и  вклопување на претходните теории, во  “игра” е и трета теорија, наречена енвиронменталистичка, која, всушност, прави поврзаност меѓу човековата биолошка детерминација и неговата егзистенцијална ситуација, условена од условите и потребите на опкружувањето во кое се раѓа човекот, расте, едуцира, постои и твори.

Не би смееле да изгубиме од предвид дека во цивилизацискиот ментум остануваат повеќе собитија на злосторства за кои, афективно мотивациската смисла и должината на траењето на афектот, во никој случај не може да ја оправда силината на омразата, злобата и свирепоста на злосторствата кои траеле со денови, ако знаеме дека афектот е краткотрајно интензивно чувство.

Историски, примерите за ваквите злосторства се многубројни: масовниот колеж  од војниците на Александар Велики над граѓаните во Тир, вадењето очи на 14.000 војници на Самуил и масовните убиства на евреите во Втората светска војна, како и безброј други, ширум земјината топка. Злосторствата кои се  длабоко врежани  во мемориските  цивилизациски записи, колективното несвесно, коишто, за жал, не се менуваат, ниту од нив се извлекуваат соодветни наравоученија, бидејќи и во денешни услови над невини луѓе се случуваат, помали или поголеми злосторства од различен карактер; голем апсурд за интелектуалниот капацитет и емотивните напливи за чинителите, за кои психолозите и психијатрите длабоко се убедени дека излегуваат од рамките на нормалното однесување и расудување, што би  значело дека сепак тоа се личности со психопатолошки содржини во своите мисловни процеси.

Модерната цивилизација донесе агресивност и дела кои се исто толку ужасни како злосторствата од минатото, Руанда, Босна, Ирак, Газа … А, што прави цивилизираниот човек? Тој ја врти главата на страна, ги затвора очите … Дали е тоа тој подобриот, современиот, повеќе цивилизираниот свет и човекот во него? Современиот човек, убивањето  луѓе го претвори во видео- игри, притискање на едно копче, неколку движења на џоистикот и -  лошите момци се мртви! “Цивилизираниот“ човек на убивањето не гледа лично. “Дури и ако јас те убијам , јас не сум те убил“. Убив некоја точка на екранот, еден куп електрони. Не постои морално вреднување, ниту понесување лична одговорност. За жал  тоа е нашето секојдневие !
Како  тогаш, во таква цивилизација, да зборуваме за отсуство на агресија и хуманистички идеали?

7 thoughts on ““Цивилизираниот“ човек на убивањето не гледа лично

  1. . Да се прашаме исплатата на новата вредност- вкупната на кој се врши, тоа е еден дел на работниците со плати, а остатокот- профитот на газдите. Сите знаеме дека со овој начин на исплата на новата вредност, создадената понуда не се троши, и секојдневно зборуваме во народот нема пари, а продавниците полни со стоки и услуги. Штом во народот нема пари, тоа се работниците, дали оваа нее оригинален доказ дека исплатата на работниците на име плата нее доволна, за како народ да има пари и да ја искупува понудата, до степен на подносливост. Значи причината е во тоа што и од профитот трееба да има исплата и во корис на работниците. Тоа е едната грешка на системот, а другата е што во првиот наврат на исплатата на новата вредност треба, како се врши исплата на работниците на име плати, така да се врши исплата и на газдите на име камата за вложените сопствени пари. Еве тоа се грешките на системот, кои не дозволуваат добивање на заслугата врз основа на тоа што се вложува во работата. Системот создава вишок на понуда, која е виновник за сите проблеми, кризи, војни, сиромаштија, исселувања, блокови, тероризам и др. а сите тие проблеми се причина за агресивноста.

  2. Тој причинител, во најкратки црти е во немоќта да се свати дека е присутна нужност, или законитост, да се одржува поднослив однос помегу понудата и побарувачката, ако сакаме да не се кочи работата и да не избиваат кризи. А, како е тоа можно ? Само ако сватиме дека за новата вредност- печалбата во исто време е присутно создадена понуда. За оваа понуда да се потроши мора новата вредност- печалбата да се исплати. Таа во сегашниот систем се исплаќа во два наврата, едниот за време на работата со исплата на плати, а во другиот наврат, остатокот или профит, кога е позитивен, по завршна сметка. Само до тука се развил нашиот ум и така тече со таква конструкција илјадници години. Резултатот кој е лош, не придонел да ни се развие свеста, за причината. А, причината ни е под нос, но свеста да се подмрдне во сознавање никако.

  3. Сите теории, вклучувајки го толкувањето и на Чапрганов се со погрешен приод. Сите тие неможат да сватат дека се до денес човековиот род – цивилизацијата се развива на ниво на тоа што го конструира, кое значи пониско ниво на свесност, а не на ниво на свесност,кое е повисоко, кога од конструираното не се добиваат очекуваните резултати, да ја открие и отстрани причината, поточно грешката во конструкцијата. Тие неможат да видат дека носителот на агресивноста е во устројството на системот, од неговите резултати. Се додека не сватиме која е причината за таквите резултати од функционирањето на системот, ние сме на ниво на животни. Тоа е главната причина, резултатот кој е лош, сиромаси и богати. Кај богатите агресивноста е да бидат владетели, а кај сиромасите да си го чуваат достоинството дека и тие се луге. Кога Чапрганов и сите аналитичари на таа тема, како што навлегле во нивните стручни знаења, навлезат и во суштината на тоа што се случува внатре во системот, тие ќе бидат разочарани од практикувањето на нивниот погрешен пристап во тражењето на причинителот за агресивноста.

  4. Не ми е јасно зошто мојот коментар не го објавивте, објаснете ми. Ако имате аргументи со кои ке ме побиете, извадете ги да ги видам. Неоправдано се плашите, се што сум напишал е точно и во интерес на сите луге.

  5. Сите знаеме дека со овој начин на исплата на новата вредност, создадената понуда не се троши, и секојдневно зборуваме во народот нема пари, а продавниците полни со стоки и услуги. Штом во народот нема пари, тоа се работниците, дали оваа нее оригинален доказ дека исплатата на работниците на име плата нее доволна, за како народ да има пари и да ја искупува понудата, до степен на подносливост. Значи причината е во тоа што и од профитот трееба да има исплата и во корис на работниците. Тоа е едната грешка на системот, а другата е што во првиот наврат на исплатата на новата вредност треба, како се врши исплата на работниците на име плати, така да се врши исплата и на газдите на име камата за вложените сопствени пари. Еве тоа се грешките на системот, кои не дозволуваат добивање на заслугата врз основа на тоа што се вложува во работата. Системот создава вишок на понуда, која е виновник за сите проблеми, кризи, војни, сиромаштија, исселувања, блокови, тероризам и др. а сите тие проблеми се причина за агресивноста.

  6. Кога Чапрганов и сите аналитичари на таа тема, како што навлегле во нивните стручни знаења, навлезат и во суштината на тоа што се случува внатре во системот, тие ќе бидат разочарани од практикувањето на нивниот погрешен пристап во тражењето на причинителот за агресивноста. Тој причинител, во најкратки црти е во немоќта да се свати дека е присутна нужност, или законитост, да се одржува поднослив однос помегу понудата и побарувачката, ако сакаме да не се кочи работата и да не избиваат кризи. А, како е тоа можно ? Само ако сватиме дека за новата вредност- печалбата во исто време е присутно создадена понуда. За оваа понуда да се потроши мора новата вредност- печалбата да се исплати. Таа во сегашниот систем се исплаќа во два наврата, едниот за време на работата со исплата на плати, а во другиот наврат, остатокот или профит, кога е позитивен, по завршна сметка. Само до тука се развил нашиот ум и така тече со таква конструкција илјадници години. Резултатот кој е лош, не придонел да ни се развие свеста, за причината. А, причината ни е под нос, но свеста да се подмрдне во сознавање никако. Да се прашаме исплатата на новата вредност- вкупната на кој се врши, тоа е еден дел на работниците со плати, а остатокот- профитот на газдите.

  7. Сите теории, вклучувајки го толкувањето и на Чапрганов се со погрешен приод. Сите тие неможат да сватат дека се до денес човековиот род – цивилизацијата се развива на ниво на тоа што го конструира, кое значи пониско ниво на свесност, а не на ниво на свесност,кое е повисоко, кога од конструираното не се добиваат очекуваните резултати, да ја открие и отстрани причината, поточно грешката во конструкцијата. Тие неможат да видат дека носителот на агресивноста е во устројството на системот, од неговите резултати. Се додека не сватиме која е причината за таквите резултати од функционирањето на системот, ние сме на ниво на животни. Тоа е главната причина, резултатот кој е лош, сиромаси и богати. Кај богатите агресивноста е да бидат владетели, а кај сиромасите да си го чуваат достоинството дека и тие се луге.

Напиши одговор на Илија Колев Радовиш Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×