Црна Гора денеска станува членка на НАТО
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Црна Гора денеска официјално ќе биде примена во членство во НАТО, на церемонија што ќе се одржи во американскиот Стејт Департмент, јави денеска црногорската државна телевизија РТЦГ.

Според протоколот, на церемонијата во Вашингтон, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, на американскиот државен потсекретар Томас Шанон ќе му ги предаде документите за ратификација на членството во НАТО, со што Црна Гора официјално ќе стане 29-та членка на Алијансата.

Предвидено е на цермонијата да присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

По официјалниот прием, на 7 јуни, пред седиштето на НАТО во Брисел ќе биде подигнато и знамето на Црна Гора. На оваа церемонија е предвидено да присуствува црногорскиот претседетел Филип Вујановиќ.

Во исто време, црногорското знаме ќе биде подигнато и пред Воената команда на НАТО во белгискиот град Монс и пред Здружената команда на Алијансата во американскиот град Норфолк.

Марковиќ за време на посетата во Вашингтон ќе се состане со потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×