Црна Гора продава воени бродови
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
За два брода, кои се во добра техничка состојба, интерес покажале повеќе држави, меѓу кои Пакистан, Турција, Бангладеш и Израел. 
shipЦрногорската Влада донесе одлука да се повлечат двата најголеми брода од морнарицата на Армијата на Црна Гора – патролните бродови П-33 и П-34 и да се понудат на продажба, а парите да се пренаменат за купување ново оружје и опрема.
Одлуката е образложена со тврдење дека бродовите се „преголеми, прескапи и прекомплицирани за употреба во Морнарицата на АЦГ“, која нема ниту кадри кои би можеле да работат со нив, пренесува весникот „Вјести“.
Бродовите се направени кон крајот на 80-те години од минатиот век како столб на силните поморски сили на некогашната Југословенска воена морнарица.
Министерството за одбрана ќе изврши проценка и ќе ја одреди почетната цена на бродовите. Според весникот, бидејќи станува збор за употреблива воена техника, Министерството ќе го бара новиот сопственик на таканаречен доверлив тендер со ознака за тајност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×