Црна Гора: Се создаваат околности Македонија забрзано да тргне кон НАТО и ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изрази надеж дека по неговата земја, и Македонија наскоро ќе може да се зачлени во НАТО. Марковиќ зборуваше за натамошното проширување на Алијансата за време на церемонијата во Вашингтон за официјален прием на Црна Гора во НАТО, пренесе Македонската Телевизија.

„Јас би сакал и Босна и Херцеговина и Македонија да го забрзаат својот процес. Знаете дека Македонија беше отидена многу далеку, но од различни причини заостана на тој пат. Верувам дека сега се создаваат околности и внатрешна атмосфера во Македонија да се тргне со забрзана интеграција не само кога е во прашање НАТО, туку и во Европската унија. Црна Гора е тука да ја зајакне, да биде со Македонија и да ја поддржи и охрабри и се разбира со своето знаење и искуство да придонесе тој процес да се заврши во најкратниот можен рок“, изјави Марковиќ.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, исто така, најави дека Македонија и Босна и херцеговина може да бидат примени во НАТО доколку ги спроведат потребните реформи.

„Ова што го направивме денеска докажува дека вратата на НАТО е отворена за оние држави што се способни за реформи, да го спроведуваат владеењето на правото и да ги модернизираат институциите на одбраната. Работиме со Босна и Херцеговина и со Поранешната Југословенска Република Македонија да ги спроведат неопходните реформи на патот кон членство во НАТО“, изјави Столтенберг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×